Save the Date – 29. Годишно Собрание на АЦИ Македонија

 

Почитувани,

Ве покануваме на 29. Годишно Собрание на АЦИ Македонија- Здружение на финансиски пазари.

Настанот е закажан за 17. – 19. мај 2024 година, во Струга во хотел Изгрев.

Регистрацијата наскоро ќе биде достапна на нашата web страна .

За дополнителни информации ве молиме да не контактирате:

Јане Настоски (тел. +389 70 344 051 е-маил: j.nastoski@nlb.mk

 

Времетраење на трансакциите и влијание врз ризиците

 

автор: Сашо Трајковски

Од суштинска важност во работењето на сите банки е да се истражува времетраењето на извршување на трансакциите и во колкав временски период банката се наоѓа во ризик во однос на неисполнување на договорот за склучените трансакции.  Секоја банка мора да специфицира два рока: рокот до кога банката може унилатерално да изврши поништување на налозите за плаќање и рокот во кој се идентификува дали порамнувањето е извршено според сите договорни услови или порамнувањето не е извршено на таков начин.

Рокот во кој банката може да го поништи својот налог може да се дефинира како крајно време во сите редовни и вообичаени ситуации, банката да може еднострано да го промени налогот за плаќање или да ги испрати инструкциите за плаќање со задоцнување. На пример, ако банката користи коресподентна банка со цел да го исполни својот дел од договорот, овој рок претставува времето до кога налогот за корекција може да биде испратен до својата коресподентна банка, пред коресподентната банка да започне со негово исполнување.

Вториот рок или времето кога се утврдува дали порамнувањето се завршило онака како што е договорено, се нарекува она време кое започнува со моментот кој е договорен за порамнување со договорната страна, а завршува во моментот кога банката е сигурна дека порамнувањето се извршило во предвиденото време и предвидениот износ или е направен некој пропуст во порамнувањето. На пример, доколку банката употребува коресподентна банка за прием на налозите за плаќање, ова време претставува времето кога банката ги проверува информациите кои ги добива од својата коресподентна банка и проверува дали е се во ред.

Continue reading “Времетраење на трансакциите и влијание врз ризиците”

Економија и Бизнис- Компромис помеѓу ценовната и финансиската Стабилност (осврт на монетатарните политики на ЕЦБ и ФЕД)

 

автор: Дејан Граорковски

По долгиот период на невообичаено ниски каматни стапки, на пазарите постоеше загриженост  дека кога централните банки нагло ќе ги зголемат каматните стапки, тоа би можело да резултира со одреден негативен исход. Случувањата на глобалните финанскиски пазари во изминативе две недели (пропаѓањето на неколку банки во САД и спасувањето на “Credit Suisse“ во Европа), послужија како остар потсетник дека сепак постои потреба за компромис помеѓу затегнувањето на монетараните политики и одржување на финансиска стабилност.

Најпрво, американската банката “Silicon Valley“ на 8-ми март објави план за продажба на своите акции во износ од 2.25 милијарди долари, истовремено пријавувајќи значајни загуби на своето инвестициско портфолио. Следствено, веќе наредниот ден акциите паднаа за 60% при што Федералната корпорација за осигурување на депозити (понатаму во текстот FDIC) донесе одлука оваа банка да престане со работа.

Иако “Silicon Valley” не се сметаше за системски значајна банка, сепак нејзината неликвидност ги принуди Федералните Резерви да дејствуваат со цел да спречат понатамошна “системска зараза”. Брзата интервенција на ФЕД, кои успеаја да обезбедат сеопфатна  гаранција за депозитите, како и да обезбедат дополнителна ликвидност за други загрозени банки (преку вреднување на нивниот колатерал, записи и обврзници на САД по номинална цена), укажува на значителна загриженост во однос на “финансиската зараза” која евентуално би следела.

Слична судбина доживеа уште една американска банка “Signature Bank” на 12-ти Март. Имено, ова е 3-та најголема банка во историјата на САД што прогласила банкрот, пред се како резултат на рапидно повлекување на околу 20% од целата депонетна база. Иако оваа банка немаше голема изложеност на крипто пазарот, сепак регулаторот изгуби доверба во менаџментот на банката и таа заврши под мониторинг на FDIC.

Continue reading “Економија и Бизнис- Компромис помеѓу ценовната и финансиската Стабилност (осврт на монетатарните политики на ЕЦБ и ФЕД)”