Нови правила за Скибор

автор: Елена Кузмановска

Во текот на 2017 година беше формирана работна група за ревидирање на постојните правила на СКИБОР кои беа усвоени во 2007 година и дополнети во 2011 година. Членови на работната група беа Сашо Радевски од Стопанска банка АД Скопје, Влатко Лескароски од Комерцијална Банка АД Скопје, Јовановска Виолета од НЛБ банка АД Скопје , Емил Јакимов од Халкбанк АД Скопје и Зорица Стојановска од НБРМ.

По одржани неколку состаноци, во јули 2017 година работната група до Комисијата за ликвидност достави нацрт верзија на новите Правила. По финализирање на нацрт верзијата, Македонската банкарска асоцијација на седницата на Собрание одржана на 22.08.2018 година ги усвои новите Правила за избор и обврски на референтните банки кои поставуваат котации на каматни стапки за пресметка на SKIBOR и за процесот на пресметување на SKIBOR.

Новите Правила започнаа да се применуваат од 01.10.2018 година, со што престанаа да важат Правилата за пресметување и објавување на меѓубанкарска каматна стапка на пазар на депозити (SKIBOR) од 2007 година.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seventeen + thirteen =