Интервју со Руи Кореиа, директор и претседател на Бордот за едукација на ACI – Асоцијација на финансиски пазари

 

Руи Кореиа

Од ноември 2017 година во ACI FMA, и со улога да се развијат алатките за образование на Здружението на учесниците на пазарот, Руи има глобална одговорност за две основни области: сертификација на финансиските професионалци на пазарот и нивна обука за етичко однесување и добри практики на пазарот. Работи на финансиските пазари од 1989 година, Руи е поранешен Fx trader, структурист и шеф на продажба, кој покрива широк спектар на средства и диверзифициран број на клиенти во различни географски области како што се Источна Европа, Ибериски полуостров (Шпанија,Португалија) и Австралија. Во почетните 25 години, Руи работел за големи банки во Лондон, Мадрид и Лисабон. Во почетокот на 2014 година и пред да се приклучи на ACI FMA, Руи стана сениор тренер на финансиските пазари, кои одржувал обука за MiFID II за над 20.000 професионалци на Иберискиот полуостров.

Господинот Кореиа на покана од страна на претседателот на ACI Macedonia, Бојан Цветановски, во хотел Мериот одржа предавања на тема “FX Global Code: In The Right Path”, која е реалтивно нова и актуелна тема на меѓународните пазари.

Интервјуто со Руи Кореиа можете да го прочитате на веб страната на нашиот медиумски спонзор Денар.мк.

Валутна војна помеѓу САД и Кина – потенцијални ризици и последици- списание Економија и Бизнис

 

автор: Јовица Камберски

После најавата за воведување царини на увозот на кинески добра од страна на САД во вредност од $300 милијарди, од кои дел веќе стапија на сила, а дел се закажани за декември, Кина најави воведување царини за $75 милијарди вреден увоз на американски производи. Конфликтот што започна со навидум рационални цели, се заканува да прерасне во отворена валутна војна. Изразот „валутна војна“ опишува мерки преземени од две или повеќе држави, кои имаат за цел прилагодување на вредноста на сопствената валута согласно својата економска политика, најчесто депрецирајќи ја истата за да го поттикнат извозот. Последната глобална серија каскадни девалвации датира од 30-тите години на минатиот век, паралелно со Големата депресија.
Иако во последните години интервенциите на Народната банка на Кина (НБК) всушност беа насочени кон зајакнување на ренминбито, овој пат НБК се воздржа од купување количини домашна валута, дозволувајќи ренминбито да падне под психолошката граница од 7:1 во однос на доларот, како одговор на пазарните притисоци и очекувањата за намален извоз. Трамп, како одговор на носоздадената конкурентска предност на кинеските извозници, изврши притисок за поагресивно кратење на каматните стапки под претпоставка дека тоа ќе предизвика надолен притисок врз доларот. Голема е веројатноста дека ФЕД, независно од притисоците на Трамп, ќе ја преземе истата мерка како одговор на забавувањето на растот на американската економија, во голема мера резултат на трговската војна. Но тоа би било постепен процес и малку е веројатно дека ќе доведе до корекција на трговската нерамнотежа помеѓу двете страни. Во меѓувреме, и покрај последното кратење на ФЕД стапката, доларот зајакна како резултат на тоа што економијата на САД сепак остварува побрз раст во споредба со економиите на останатите развиени земји.
Малку веројатно е дека САД би побарале соработка од меѓународните партнери за заедничка интервенција на глобалниот девизен пазар, слично како во 1985, 2000 и 2011 година, овојпат во акција со цел да се придвижи вредноста на ренминбито нагоре, а вредноста на доларот надоле, во услови кога односите помеѓу САД и нејзините традиционални сојузници се нарушени поради игнорирањето на правилата на СТО од страна на Вашингтон. Наедно, САД не отстапуваат од заканите за наметнување царини на стоките произведени во ЕУ и во Јапонија, што пак би предизвикало возвраќање со иста мерка.

Continue reading “Валутна војна помеѓу САД и Кина – потенцијални ризици и последици- списание Економија и Бизнис”

Влијанието на ФЕД и ЕЦБ на движењето на девизниот курс- списание Економија и Бизнис

 

автор: Владимир Трајковиќ

Одлуките на централни банки на најголемите земји во светот (кои како такви имаат ефект врз глобалната економија) во однос на поставувањето на висината на основните каматни стапки суштински влијаат пред се на цените на државните хартии од вредност и следствено и на цените на најтргуваните светски валути.
Управувањето со основните каматни стапки претставува еден од најзначајните инструменти на монетарната политика на централните банки во светот. Централните банки сублимирајќи ги анализираните податоците за финансиските и макроекономските текови, пред се на локалните пазари, и ставајќи ги истите во корелација со стратешките цели, носат одлуки за висината на основната каматна стапка на редовна основа, според однапред утврден календар.
Во фокусот на развиените светки економии и особено на економиите во развој, покрај домашните централни банки, секогаш со големо внимание се следат и одлуките на Американскиот ФЕД и европската централна банка ЕЦБ.
Последното намалување на каматната стапка на федералните фондови (federal funds rate) од минатиот месец за 25 базични поени (прво после 2008 година) донекаде беше очекувано имајќи ги во предвид претходните најави од самиот ФЕД но и притисокот кој Претседателот Трамп постојано го врши врз Федералните Резерви.

Continue reading “Влијанието на ФЕД и ЕЦБ на движењето на девизниот курс- списание Економија и Бизнис”