АЦИ КАФЕ- 20ти април 2022

 

Почитувани членови и АЦИ пријатели,

Ја имам таа чест во име на Извршниот Одбор на АЦИ Македонија да ве поканам на АЦИ Кафе во Среда(20.04.2022) во кафулето Mr.Jack  со почеток во 17.00 часот.

Добредојдени сте на АЦИ дружба,

Се гледаме,

 

Срдечен поздрав,

Бојан Цветановски

Претседател на Извршен Одбор на АЦИ- Здружение на финансиски пазари

* * * SAVE THE DATE * * * 27th Annual Assembly of ACI Macedonia FMA, 27 May– 29 May 2022

 

We look forward to welcoming you

To ancient city of OHRID (Laki Hotel & Spa ) on a unique Lake of Ohrid

Online registration soon will be available on our website www.acimacedonia.mk

In case you would need further information please do not hesitate to contact:

Bojan Cvetanovski (tel. +389 78 300 874 ; e-mail: b.cvetanovski@nlb.mk)

Saso Radevski (tel.+389 2 3295 108; e-mail: Saso.Radevski@stb.com.mk)

Jane Nastoski  (tel. +389 2 5100 889 e-mail: j.nastoski@nlb.mk

 

SAVE THE DATE ACI assembly OHRID 2022

Тргување со финансиски инструменти преку електронски платформи

 

Автор: Даниела Наумова

Последните години, сѐ повеќе сме сведоци на зголеменото интернет тргување со финансиски инструменти на берза, преку соодветни софтверски апликации. Историјата на интернет тргувањето е фасцинантна и револуционерна приказна, која експлозивно се развива со развојот на телекомуникациската технологија. Начинот на работа и функционирање на берзата и на финансисиките пазари, вклучително и интернет тргувањето, подлежи на законска регулатива на соодветната земја со цел заштита на инвеститорите и на учесниците на истата. Во Европската Унија (ЕУ), тргувањето со финансиски инструменти, е регулирано од страна на Европскиот орган за хартии од вредност и пазари (ЕСМА) кој е независен орган на ЕУ и кој придонесува за заштита на стабилноста на финансискиот систем преку зајакнување на заштитата на инвеститорите и промовирање стабилни и регулирани финансиски пазари.

При тргувањето на берза, каде што како учесници историски се појавуваа големите корпорации, банки,  институции,  интересен е фактот дека во последно време, се појавува и нов инвестициски профил: приватни/мали инвеститори, кои купуваат и продаваат акции на компании или тргуваат со други финансиски инструменти користејќи електронски платформи. Притоа, како најатрактивни финансиски пазари за тргување може да се издвојат, Forex (тргување со валути), тргување со aкции, нафта, блaгородни метали, криптовалути.

Зошто интернет тргувањето за мали инвеститори е сѐ поактуелно и попримамливо во последно време?

Continue reading “Тргување со финансиски инструменти преку електронски платформи”

Инвестирање во услови на повисока инфлација

 

Автор: Драган Илкоски

Веќе неколку квартали по ред најочекуваните објави на пазарите на капитал се оние поврзани со мерењата на инфлацијата, иако таа веќе е евидентна за секој на глобално ниво.  Овие податоци, по објавите од централните банки (сега веќе повисоки од предвидувањата кои централните банки ги имаа за 2021 година), имаат сериозно влијание на глобалните пазари и ги определуваат инвестициските стратегии на сите учесници. Па така во првата половина на  2021 година бевме сведоци на енормен раст на голем дел од суровините, предизвикан делумно и од шпекулативни мотиви по што следеше и нивна голема корекција, како и евидентно репозиционирање на глобалните портфолија кон инвестирање во компании со голема историја на позитивни резултати, одлична пазарна поставеност, стабилни дивидендни политики и големи и вредни брендови. Овие компании во голем дел од сè уште активниот биков пазарен циклус беа на маргините, на сметка на генерално млади технолошки компании за кои се проектираа огромни годишни порасти (од аспект на приходи, пазарна пенетрација, технолошки достигнувања и сл.) во рана фаза на развој, со исклучително големи капитални потреби и негативни финансиски резултати. Иако причините за оваа „growth to value“ ротација можеме да ги идентификуваме и на многу други места, очекувањата за динамизирањето на стапките на инфлација и консеквентни очекувања за пораст на каматните стапки, што би допринело до пониски вредности на идните дисконтирани cashflow-a, се сигурно една од главните.

Continue reading “Инвестирање во услови на повисока инфлација”