Карактеристиките на Девизниот Пазар со осврт на Република Македoнија- списание Економија и Бизнис

 

автор: Дејан Граорковски

Девизниот пазар претставува перманентно среќавање на понудата и побарувачката на слбодни девизни средства ,односно претставува место каде што парите деноминирани во една валута се разменуваат (купуваат продаваат) со пари деноминирани во друга валута.. Тој е многу важен сегмент од вкупното пазарно функционирање на економијата во одредена држава. Исто така, мора да се напомене и неговата функција во обезбедување на најдобра алокација на девизите, место кое на најдобар начин го определува девизниот курс и обезбедува ефикасни трансакциони врски на домашното со странското стопанство. Како учесници на овој пазар се јавуваат: Банките, економските субјекти (корпорации и фирми), други финански институции, населнието и централните банки .

Девизниот курс ја претставува цената на една странска валута изразена во домашна валута. Основната задача на девизниот курс е да овозможи споредување на цените во земјата и во странство, што сигнализира за економските на една земја со странство. Токму поради оваа причина, девизниот курс има големо влијание на меѓународната трговија, а посредно на целокупните економски текови. Основната поделба на девизните курсеви е на: фиксни и варијабилни (pegged и unpegged). Првиот сегмент на девизни курсеви подразбира врзуваење на девизниот куррс на домашната валута во однос на една или неколку странски валути. Кога е во прашање фиксниот девизен курс, централната банка се стреми кон тоа да ја одржува стабилноста на цените преку целосна контрола на движењето на вредноста на домашната валута во однос на една или повеќе странски валути. За споредба, кај варијабилниот девизен курс, вредноста на одредената валута се определува само преку влијанието на понудата и побарувачката. Република Македонија е една од оние земји (економии) кои не можат слободно да се потпрат на понудата и побарувачкакта на девизи на девизниот пазар  и затоа централната банка согласно монетарната политика, интервенира за да се создаде потребната ценовна стабилност. Факторите кои придонесуваат за тоа  се: мала и отворена еконоија, увозна зависност од енергенси(притисок врз домашни цени) и увозна зависност на извозот.

Continue reading “Карактеристиките на Девизниот Пазар со осврт на Република Македoнија- списание Економија и Бизнис”

IRS (Interest Rate Swap)- Trading & Front&Back, АЦИ Македонија & Refinitiv

 

Во организација на АЦИ Македонија – Здружение на финансиски пазари, а со поддршка на Златниот Спонзор на Здружението Refinitiv, на 11.04.2019 во просториите на Стопанска Комора на Македонија, сала број 1,кат 5, со почеток во 15.00 часот ќе се одржи семинар дискусија со следната содржина :

·         Владимир Трајковиќ-Шпаркасе Банка-Технологија на функционирање на Каматниот Своп,Front Office активности,

·         Ненад Јовчески-НЛБ Банка-Евиденција и вреднување на Каматниот Своп,Back Office активности,

·         Refinitiv-IRS quotes,trading,price determination(pricing),IRS default,Front&Back office software support, bond trading ,stocks.

Учеството е бесплатно и е отворено за сите банки,финансиски институции во државата и приватни инвеститори.

Пријавете го своето учество на ФБ(Facebook) страната на Здружението (ACI Macedonia), креиран е Event, со едноставно пријавување (going).

24то Годишно Собрание на АЦИ Македонија- Save the Date!

 

Кога:       31ви мај до 2ри јуни, 2019

Каде:       Охрид, хотел Белведере

 

Распоред:

Петок ( 31ви мај)

20:30ч.      Коктел за добредојде

Сабота ( 1ви јуни)

10:00ч.      Собрание на Здружението

15:30ч.      Патување до Св. Наум со брод

16:30ч.      Посета на манастирот Св. Наум

17:30ч.       Ручек во ресторан Острово

19:00ч.       Посета на охридските природни извори

21:00ч.       Враќање со брод во хотелот

Недела (2ри јуни)

10:00ч.       Check- out

 

Регистрирајте се!

Registrations are closed for this event

Напомена: Котизација за настанот чини 1.500,00 мкд по учесник и е неповратна. Ноќевање по едно лице во еднокреветна соба- 2.2000,00 мкд на ден.  Ноќевање по лице во двокреветна соба- 1.590,00 мкд на ден. Здружението не обезбедува превоз до настанот.

За подетални информации ве молиме контактирајте ги:

Бојан Цветановски     тел: +389 78 300 784    мејл: b.cvetanovski@nlb.mk

Сашо Радевски            тел: +389 23 295 108   мејл: Saso.Radevski@stb.com.mk

 

Се гледаме таму!

Bloomberg Macedonia Fixed Income Day

Под покровителство на Bloomberg/London и во организација на Bloomberg/London и АЦИ Македонија на 20.02.2019 (Среда) во Хотел Мериот ќе се се одржи Панел презентација&дискусија од сферата на финансиските пазари со следна агенда:       

15.00h

Registration, welcome and networking
Tea, coffee and biscuits

15.30h

IRS
Tim Murphy, Application Specialist, Bloomberg

16.00h

AUCT and EBND Explained

16.30h

Group discussion and Audience Q&A

17.00h – 19.00h

Drinks, light buffet dinner and networking

Презентациите ќе покриваат теми од сферата на тргување со хартии од вредност на примарен и секундарен пазар и каматни свопови. Техники на тргување со обврзници , формирање на цена на каматни свопови,формирање на крива на принос,анализа на трендови,вреднување како и пост-тргување активности и архивирање.

Учеството е бесплатно и е отворено за сите банки и финансиски институции во државата.

Пријавете го своето учество на следниот линк:

https://go.bloomberg.com/attend/invite/bloomberg-macedonia-fixed-income-day