Волатилноста на финансиските пазари, освен од понудата и побарувачката, е предизвикана и од секојдневни настани, објавени податоци, одлуки на значајни институции во светот (централни банки, организации) и низа економски индикатори. Трговците и инвеститорите на светските пазари ги следат промените во економските календари и навремено реагираат со цел остварување поголема заработка, додека аналитичарите и експерите ги користат во интерпретирање на моменталните и идни можности за инвестирање или, накусо кажано, економските индикатори го презентираат здравјето на една економија.
Најчесто следени и клучни за развојот на земјата се каматните стапки на депозитите, стапката на невработеност, стапката на инфлација, бруто домашниот производ, ценовните индекси, состојбата на тековната сметка и други, кои имаат различно влијание на девизните пазари и одлуките на инвеститорите.
Continue reading “Економски индикатори кои се релевантни за движењата на девизните пазари во светот”