ACI ELAC Boot Camp – Europe edition

автор: Ненад Јовчески

Во организација на ACIFMA на 20-ти и 21-ви септември 2018 год. беше организирана работилница на која учесниците имаа можност да научат да го користат ACI ELAC порталот и да го промовираат на локалните пазари. Учесници беа претставниците за едукација на 10 национални здруженија, меѓу кои беше и претставникот на ACI Belgium, Marc De Bosscher кој истовремено е Претседател на ACI Europe. Работилницата беше одржана во просториите на BPW (bestpractice.world), фирма партнер на ACIFMA која го изработува ACI ELAC порталот.

Што е ELAC (Е-Learning, Attestation and Certification Portal) ?

ELAC e web-базиран e-learning портал, ефективна алатка што им овозможува на вработените континуиран тренинг и сертифицирање за кодексот на етичко однесување применлив на финансикиот пазар, како што се FX Global Code,Global Precious Metals Code и United Kingdom Money Markets Code. Се поголемита барања за усогласување со прописите (Compliance) и понатамошниот развој на глобалниот финансиски пазар водат до неопходно континуирано образување на вработените со цел да бидат up-to-date со новините, стандардите и добрата пракса во индустријата.

На работилницата беше изработена SWOT анализа на постоечката верзија со давање предлози за подобрување во иднина, како и Национален ELAC план за секој локален пазар за продажба, пенетрација и имплементација на ACI ELACпорталот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × five =