HISTORY

ACI Macedonia – The Financial Markets Association was founded in 1996 following the iniciative of The National Bank of the Republic of Macedonia as Macedonian Forex Club.

At the beginning of 2001, the Statute of the Association was amended and the name of the Macedonian Forex Club was changed to ACI Macedonia – The Financial Markets Association.

In May 2001, at the 42nd World Congress in Singapore ACI Macedonia - The Financial Markets Association become a member of ACI - Financial Markets Association.

ACI Macedonia – The Financial Markets Association is unprofitable voluntary Association of residents of the Republic of Macedonia who are professionally engaged in financial markets transactions.


STATUTES (Macedonian version)

Врз основа на Член 5, 18 и 20 од Законот за здруженијата на граѓани и фондации („Службен весник на РМ”, бр.31/98), Собранието на АЦИ Македонија - Здружение на финансиски пазари одржано на 11.05.2013 година го донесе следниот:


S T A T U T E S

OF ACI MACEDONIA
THE FINANCIAL MARKETS ASSOCIATION

I Име и седиште

Член 1

Здружението се вика „АЦИ Македонија Здружение на финансиски пазари” со седиште во Скопје на адреса: бул.Кузман Јосифовски Питу бр.1, зграда на НБРМ, Комплекс банки б.б., 1000 Скопје.


II Дејност, цели и задачи

Член 2

Дејноста на здружението се одвива на територијата на Република Македонија.

При вршењето на својата дејност АЦИ Македонија Здружение на финансиски пазари ќе го почитува Правилникот и Статутот на Меѓународното здружение на дилери ACI (Assotiation Cambiste Internationale).Членовите во своето работење ќе постапуваат според Кодекс на однесување кој е во согласност со Кодексот на однесување на ACI.

Основната цел на АЦИ Македонија Здружение на финансиски пазари претставува професионалното обединување на трговците со финансиски инструменти од банките и другите финансиски институции.

За остварување на основната цел на здружението, потребно е исполнување на следните задачи:

  • Воспоставување и прогресивно одржување на меѓусебни односи помеѓу членовите на здружението, согласно стандардите за професионализам, етика и морал предвидени во усвоениот Кодекс на однесување.
  • Дополнителен придонес на членовите на здружението за воспоставување и подобрување на професионалната соработка на институциите кои тие ги претставуваат.
  • Одржување и ширење на угледот на оваа професија, преку континуирана едукација со следење на корисните позитивни трендови, пазарни практики и сл., без дискриминација од било кој тип притоа. Во таа насока конкретно неопходно е обезбедување на професионално-деловна и транспарентна меѓусебна размена на информации, тековно и прогресивно, директно и индиректно обучување на кадри. Во овој домен здружението обезбедува и асистенција и организација во однос на подготовка на членовите на здружението за стекнување со меѓународно верификувани сертификати (ACI dealing certificate, ACI operations certificate и ACI diploma).
  • Организирање на тековни деловни состаноци, презентации, тркалезни маси, семинари и сл., генерално континуирано, и по потреба со сите директни и индиректни учесници на финансискиот пазар во доменот на тргување со финансиски инструменти.
  • Организирање на редовни годишни собранија и сл.
  • Од институционално-координативен аспект по потреба и во континуитет, во однос на своите активности, здружението има конструктивна задача-обврска во улога на национална асоцијација да одржува континуиран контакт и соработка со останатите национални здруженија, и соодветно со регионалните и светското здружение.


III Начела

Член 3

АЦИ Македонија Здружение на финансиски пазари е непрофитно здружение на граѓани.

Член 4

АЦИ Македонија Здружение на финансиски пазари ќе поседува и печат кој ќе биде во округла форма околу кој е испишано името на АЦИ Македонија Здружение на финансиски пазари на кирилично писмо и македонски јазик, а во средината хоризонтално ќе биде испишан градот во кој се наоѓа седиштето на АЦИ Македонија Здружение на финансиски пазари.

Член 5

АЦИ Македонија Здружение на финансиски пазари не влегува во противречност со политиката на одделни банки или финансиски институции.


IV Членство

Член 6

Член на АЦИ Македонија Здружение на финансиски пазари може да биде вработен во банка или друга финансиска институција кој е во непосреден или посреден контакт со тргување со финансиски инструменти.

Член 7

Новите членови се примаат со решение на Извршниот Одбор, а стануваат членови со доброволно потпишување на пристапница и со запишувањето во членската евиденција.

Членовите на АЦИ Македонија Здружение на финансиски пазари може да конкурираат за статус на индивидуални членови во АЦИ кога ќе ги исполнат условите предвидени во Статутот на АЦИ.

Може да се изврши трансфер на член на АЦИ Македонија Здружение на финансиски пазари со стекнат статус на индивидуален член во друго здружение од АЦИ афилиациите, се разбира со согласност од Здружението каде се врши трансферот.

Член 8

Членовите се обврзани да се придржуваат на Статутот, да придонесуваат во работењето на АЦИ Македонија Здружение на финансиски пазари, да го чуваат и шират угледот на здружението и редовно да ја плаќаат чланарината. Секој член има подеднакви права и може да бира и да биде биран во органите на здружението.

Член 9

Членството престанува со истекот на условите за членство, по сопствено барање (до Извршниот Одбор), поради виша сила или со исклучување. Исклучувањето настанува во следните случаи:

  • при тешко непочитување на обврските спрема здружението;
  • му штети на угледот на здружението и го компромитира истото;
  • извршува нечесни работи.

Одлука за исклучување донесува Извршниот Одбор, а за причините на исклучувањето писмено го известува членот. Членот кој се исклучува има право на жалба во рок од еден месец од денот кога го примил известувањето за исклучување.


V Органи на здружението

Член 10

Органи на АЦИ Македонија Здружение на финансиски пазари се:

  • Собрание
  • Извршен Одбор
  • Надзорен Одбор

Член 11

Собранието на здружението се состои од сите членови. Него го свикува Претседателот, а се одржува барем еднаш годишно. Поканите за собранието и дневниот ред треба да бидат испратени до сите членови најмалку две недели пред почетокот на собранието. Вонредно собрание се одржува четири недели по поднесеното писмено барање од страна на најмалку две третини од членовите.

Член 12

На собранието треба да бидат присутни повеќе од половината членови, а одлуки се донесуваат со просто мнозинство од присутните. Во случај на еднаквост на гласовите претседателот на здружението (а во негово отсуство секретарот), имаат пресуден глас. Годишното собрание со јавно гласање ги донесува следните одлуки:

  • за програмот на работата;
  • го именува и разрешува претседателот;
  • именува секретар, благајник и членови во Извршниот Одбор;
  • именува членови во Надзорниот Одбор;
  • усвојување, измена и дополнување на статутот;
  • за годишниот финансиски извештај;
  • за промена на името и седиштето;
  • за престанок на работата на здружението.

Член 13

Извршниот Одбор управува со АЦИ Македонија Здружение на финансиски пазари и раководи со административното и финансиското работење. Тој се состои од претседател, кој управува со него и воедно е претседател на здружението, секретар, благајник и двајца членови. Претседателот, секретарот, благајникот и членовите на Извршниот Одбор се бираат на собранието на рок од три години. Состанок на Извршниот Одбор свикува претседателот или секретарот. Секој член на Извршниот Одбор може да предложи состанок кој треба да се свика во рок од 14 дена од поднесувањето на предлогот.

Сите документи во врска со финансиското работење освен благајникот ги потпишува и претседателот, секретарот или некој од членовите на Извршниот Одбор.

Член 14

Извршниот Одбор донесува одлуки со просто мнозинство доколку се присутни најмалку половина од членовите. При еднаков број на гласови, одлучува гласот на претседателот, а во случај на негово отсуство, него го застапува секретарот.

Извршниот Одбор го утврдува дневниот ред на собранието, ги предлага работите од член 12 за кои одлука донесува собранието и на собранието му поднесува извештај за работењето на здружението.

Извршниот Одбор е должен да ги спроведува одлуките на собранието, а за својата работа одговара пред собранието.

Извршниот одбор со јавно гласање ги донесува следните одлуки:

  • за начинот на користење и располагање со средствата;
  • здружување во сојузи на здруженија;
  • зачленување во меѓународни организации;
  • воспоставување деловна соработка со други здруженија и институции во земјата и странство.
  • ја утврдува висината на членарината и донесува Одлука за истата;

Член 15

Права и обврски на претседателот:

  • го застапува и представува здружението во правниот промет;
  • ги потпишува сите акти на здружението;
  • правилно ги спроведува своите задачи и го чува угледот на здружението;
  • ги спроведува сите одлуки и заклучоци донесени на собранието и Извршниот Одбор.

Претседателот одговара пред собранието и Извршниот Одбор.

Член 16

Во отсуство на претседателот, документите ги потпишува лице кое го именува претседателот или Извршниот Одбор.

Член 17

Надзорниот Одбор се состои од тројца членови кои ги бира собранието со рок од три години. Членовите на Надзорниот Одбор имаат право да присуствуваат на состаноците на Извршниот Одбор но без право на глас.

Член 18

Улогата на Надзорниот Одбор се состои од контрола на законитоста во работењето на здружението, како и контрола на финансиското работење на здружението и поднесување на финансиски извештај до годишното собрание кој треба да биде потврден од страна на собранието. Овој извештај се поднесува пред годишниот извештај на Извршниот Одбор.

Членовите на Надзорниот Одбор неможе истовремено да бидат и членови на Извршниот Одбор.

Надзорниот Одбор за своето работење одговара пред собранието на здружението.


VI Финансиски средства

Член 19

Извори на финансиски средства на здружението се чланарините, котизации од банките и други финансиски институции, спонзорство и друго.

Висината на чланарината се утврдува на годишното собрание.

Со средствата прибрани од чланарината и другите предвидени извори располага АЦИ Македонија Здружение на финансиски пазари, а истите ќе се користат за подмирување на тековните материјални трошоци на здружението, организирање на годишни собранија, презентација на здружението во земјата и странство, унапредување на професијата на дилерите, стручно усовршување на членовите и друго.


VII Известување на јавноста

Член 20

За својата работа и активности, АЦИ Македонија Здружение на финансиски пазари ќе ги користи расположивите медиуми во Република Македонија заради благовремено и објективно известување на јавноста.


VIII Престанок на работата

Член 21

Здружението се основа на неопределено време. Престанокот со работа настанува кога за тоа одлука ќе донесе собранието, доколку бројот на членовите се намали под бројот определен за основање, кога ќе се забрани работата на здружението или доколку се утврди дека здружението престанало со работа.

При престанување со работа, имотот на здружението го ликвидира Извршниот Одбор и по извршената ликвидација тој се отстапува на друштвото за заштита на животните „Срна” - Скопје.



Претседател на здружението
Скопје 11.05.2013
Емил Јакимов 

Macedonia Boost for ACI Education

ACI's education programme has been recognised by a decision from the central bank in Macedonia that requires banks in the local market to hire dealers with a professional qualification.

At its November 25 Council meeting, the National Bank of the Republic of Macedonia dis­cussed its monetary and supervisory responsibil­ities and under the latter it was decided that, with a view to inducing the development of the coun­try's financial markets, that banks in Macedonia will be required to hire foreign exchange dealers with a certificate registering a passed profession­al exam. The National Bank highlights the ACI Dealing Certificate as the suitable qualification.

A decision was also adopted at the meeting requiring those banks licensed to conduct inter­national operations and intermediary opera­tions with negotiable securities to establish elec­tronic systems for conducting international pay­ment operations, settling financial transactions and accessing information on the financial markets both within Macedonia and abroad. Those banks involved are required to have the systems (cited by the central bank as Reuters, Bloomberg, Tenfore and Swift) in place within one year.

"The adopted amendments will create condi­tions for establishing a centralised system of data on the operations on foreign exchange market and the money market and on the trade on the secondary short-run securities market in the Republic of Macedonia," the central bank says in a statement. "It will help the economic agents that participate in the operations on the financial market be more informed."

The adoption is the result of in excess of 18 months' work by the ACI Macedonia Board supported by Ann McGoff, ACI's Director of Education, which started when she was invited to address the General Assembly of neighbouring ACI Serbia Montenegro. "I spoke about the goals and importance of education, "she recalls. "And there were several members of the board of ACI Macedonia at the meeting who expressed their interest in how to set standards and organise an educational programme."

McGoff's first visit to Macedonia came through an invite to address that Association's General Assembly, at which the Vice-Governor of the central bank was the keynote speaker. "With the board of ACI Macedonia, I met the Vice-Governor, who made it very clear he was keen for ACI Macedonia to get ahead and offered full support," she says. "That is the key in any educational programme - the support of the local financial authorities.

"This is the result of the vision and hard work of Milena Percinkova, the President of ACI Macedonia, and her board," she continues. "They have tailored ACI's education process to meet local requirements and circumstances. This is a good place to start with accreditation in a smaller, emerging, market - if a bank has three people in a room they can get one for­mally qualified and then move on to the next. The results won't be instant but the foundation could bear fruit in five years."

Ann McGoff, "Profit & Loss", март 2005



Педесет години на Меѓународното здружение на дилери-камбисти
АЦИ Македонија рамноправен член на Здружението на финансиски пазари

Cambiste Internationale (АЦИ) - првично име на Меѓународното здружение на дилери-камбисти е основано 1955 година во Париз - денес попознато како The Financial Markets Association. Педесетгодишниот јубилеј, 44.светски Конгресна АЦИ ќе се одбележи во Стокхолм во мај годинава.

Co оглед на економската глобализација и електронската технологија денес физичките граници меѓу државите се уриваат за тие секојдневно помеѓу себе да станат позависни од кога и да е. Ова посебно се огледа и манифестира во финансиската сфера на односи, па оттука може да се говори за глобален(и) финансиски пазар(и).

И не случајно на 42. конгрес на АЦИ во Сингапур во мај 2001 година под наслов „Еден финансиски свет" конгресна тема беше „Како глобализираната економија ќе влијае врз индустријата на финансиските пазари“. А, во врска со главната конгресна тема, претседавачот ја нагласи улогата на финансискиот Интернет-пазар врз практиката и кариерата на дилерите и другите професионалци и улогата на оваа асоцијација во помагањето на своето членство за совладување на секојдневните предизвици. На конгресот во Сингапур во членството на оваа професионална асоцијација покрај Египет, Маврициус и Грузија беше примен македонскиот Форекс (Forex) клуб со што бројот на членките на АЦИ се зголеми на 65. Денес ова Здружение брои над 13.000 члена.

Инаку, македонскиот Форекс-клуб е основан по иницијатива на НБРМ на 23 април 1996 година, а на 17 јули истата година се стекна со статус на правно лице. Во 2001 година, поради исполнување на увловите за прием во светското здружение, македонскиот Форекс-клуб го смени името во АЦИ Македонија- Здружение на финансиски пазари. Членови на овој клуб се дилерите вработени во комерцијалните банки и во НБРМ кои се во непосреден или посреден контакт со спот и девизни термински трансакции, девизни пласмани и трговија со благородни метали, како и раководните лица одговорни во овие активности. Основната цел на овој своевиден клуб е обединување на дилерите - воспоставување меѓусебни лични и пријателски односи, зголемување на меѓусебната доверба и фер односи во работењето и размена на искуства. Комуникацијата се одвива на своевиден комуникациски јазик заснован врз определени симболи што овозможуваат брзо разбирање заради склучување на деловните работи.

Членовите на македонскиот Форекс-клуб не се сретнаа за прв пат со правилата на однесувањето во оваа професија во 1996 година.

Уште во поранешна СФРЈ функционираше југословенскиот Форекс-клуб основан како логична последица на основањето и почнувањето на функционирањето на тогашниот југословенски пазар (1973 година), кој до 1975 година имаше статус на посматрач, за во 1975 година да добие полноправно членство, а во 1984 година Белград беше домаќин и организатор на 26. светски конгрес на АЦИ, што се смета како високо признание за довербата во тогашното југословенско банкарство.

Членувањето во оваа асоцијација налага високи етички и професионални квалитети. Во таа смисла Здружението, покрај редовните контакти, презема едукативни активности, меѓу другото и организирање електронско полагање за стекнување на АЦИ-сертификат, што е утврдено и во супервизорската регулатива како услов за вршење на овој вид финансиски активности.

Проф. д-р. Кики Мангова-Поњавиќ, „Утрински Весник“, 7-8 мај 2005
(Авторот е професор на Правниот факултет во Скопје)




Македонскиот Forex клуб го прослави јубилејот

Accociation Cambiste Internacionale (ACI)-првично име на Меѓународното здружение на дилери-камбисти, денес попознато под името The Financial Market Association, e основано 1955г. во Париз на иницијатива на двајца дилери (од Париз и Лондон), кои на еден првомајски викенд се договориле да предложат да се формира заедничко здружение на дилери кои ќе тргуваат и вршат девизни трансакции на евро-пазарот. По две години (1957) се донесни и правила за однесување во меѓусебната комуникација на трговците со девизи. На Здружението можат да му пристапат Forex клубови основани во земји во кои комерцијалните банки можат да тргуваат со девизи со банки на други земји-процес што е во постојан тренд, посебно денес во услови на виртуелна комуникација.

Економската глобализација и електронската техноогија денес ги руши физичките граници меѓу државите за тие секојдневно помеѓу себе да станат позависни од било кога. Ова посебно се огледа и манифестира во финансиската сфера на односи, па оттука може да се говри за глобален(и) финансиски пазар(и).

He случајно на 42- от конгрес на ACI одржан во Сингапур во мај 2001г. под наслов „Еден финансиски свет“ како конгресна тема беше „Како глобализираната економија ќе влијае врз индустријата на финансиските пазари“. Токму во врска со главната конгресна тема, шефот на одделението за трезор и пазар на пари - претседавач на истиот ја нагласи улогата на финансискиот Интернет- пазар врз практиката и кариерата на дилерите и на другите професионалци во оваа индустрија, и улогата на оваа асоцијација во помагањето на своето членство за совладување на секојдневните предизвици. На конгресот во Сингапур во членството на оваа професионална асоцијација покрај Египет, Маурициус и Грузија беше примен Forex клубот на Р. Македонија (на почетокот на 2001 со дополнување на статутот е променето и името во ACI Македонија) со што бројот на членките на ACI се зголеми на 65. Денес покрај 67 земји, членуваат и индивидуални членови од 17 земји.

Инаку македонскиот Forex клуб е основан на иницијатива на НБРМ на 23.04.1996г. а на 17 јули истата година се стекна со статус на правно лице. За прв претседател на овој професионален клуб е избрана г-ѓа Викторија Мандичевска, а денес претседател е г-ѓа Милена Перчинкова. Членови на овој клуб се дилерите вработени во комерцијалните банки и во НБРМ кои се во непосреден или посреден контакт со спот и девизни термински трансакции, девизни пласмани и трговија со благородни метали, како и раководните лица одговорни во овие активности.

Основната цел за основање на ова здружение е обединување на дилерите, воспоставување на меѓусебни лични и пријателски односи, зголемување на меѓусебната доверба и фер односи во работењето и размена на искуство. Во меѓусебните комуникации принципите на лојалност и солидарноста се неразделен и составен дел во нивните активности. Во таа смисла и комуникацијата се одвива на своевиден комуникациски јазик заснован на одредени симболи што овозможуваат брзо разбирање заради заклучување на деловните работи. Во прилог на ефикасноста и високо професионално извршување на активностите ACI Македонија во 1997г. усвои Кодекс за однесување што се заснива на стандардите утврдени во The Model Code на ACI светското здружение, чиј Секретарјат има седиште во Париз. За разлика од националните кои одржуваат годишни собранија, светското здружение на ACI одржува собрание на секој две години. Оваа 2005 година како јубилејна -50 години од основањето на ACI, во мај ќе се одржи 44-тиот Светски конгрес во Стокхолм.

Во рамки на светското здружение работат повеќе органи-тела меѓу кои Одбор за едукација (се грижи за развој на стратегијата, за едукативниот програм и стекнување на дипломи за The ACI Dealing Certificate, The ACI Settlements Certificate и The ACI Diploma, a испитите се полагаат електронски), Комитет за професионализам (одговорен за Кодексот за однесување), ACI Група за стратегиско планирање (изработува проекти за развојот и работењето на здружението на долг рок) и Euribor ACI Комитет формиран 1999г. составен од 4 работни групи и тоа: за деривативи, за Пазар на пари и ликвидност, за соработка со ЕУ и група STEP (short term paper market) за интеграција и развој на европскиот пазар на краткорочни хартии од вредност.

Членовите на македонскиот Forex клуб не се сретнаа за прв пат со правилата на однесувањето во оваа професија во 1996г. кога е основано здружението. Уште во поранешна СФРЈ функционираше југословенскиот Forex клуб основан на иницијатива на тогашната НБ Југославија, Југобанка и Љубљанска банка како логична последица на основањето и отпочнувањето на функционирање на тогашниот југословенски пазар мај 1973г), кој до 1975г. има статус на набљудувач, за по прифаќањето на нејзиниот статут во 1975г. да добие полноправно членство. Основачкото собрание и изборот на органите на управување е извршен на 22.03.1975. Меѓу членовите на претседателството е и Душка Илиевска од Стопанска банка Скопје. Како резултат на прифаќањето на кандидатурата (во конкуренција со Мексико) за организатор и домаќин, во 1984г. во Белград е одржан 26-иот конгрес на ACI со присуство на преку 150 делегати, 450 следбеници од повеќе од 50 држави, што се смета како високо признание за довербата во тогашното југословенско банкарство.

Како и во секоја друга професија, посебно во работењето и однесувањето на дилерите етиката има доминантно значење. Да се почитува етиката во конкретниот бизнис значи да се почитуваат партнерите, клиентите, високиот морал и етичките квалитети да бидат високо почитувано мото во работата. За да се стане член на ACI треба да се поседуваат токму такви својстава, да се работи согласно усвоените правила на однесување утврдени во Правилник, Статут и Кодекс.

Активностите на ACI Македонија во основа се насочени кон оперативна подршка на реформските процеси на финансиските пазари во чиј рамки е девизниот пазар и континуираната размена на знаења и искуства.

Воопшто активностите на Здружението се одвиваат во повеќе насоки, што може да се сведе на традиционални месечни (секој прв четврток во месецот) и секојдневни контакти, едукативни активности, освен во обезбедување на стручна литература, и во организирање на електронско полагање на испитите на ACI. Во таа смисла до крајот на 2003г. тројца членови (Синиша Велковски, Коста Шорко и Зоран Пановски од НБРМ) се стекнаа со ACI Dealing Cerificate. Bo јануари оваа година се одржа прв семинар за подготовка за полагање испит за ACI Dealing Cerificate што успешно се реализира, а веќе во летниот период (веројатно во јули) се планира семинар за ACI Settelments, а потоа семинар за ACI Dealing Cerificate. Како на претходниот, така и на планираните семинари предавањата ги изведува овластен предавач од ACI The Financial Market. За одбележување е воспоставената соработка со ACI здружението на СЦГ. Од посебно значење за брза комуникација и информација е изготвувањето на веб страна на Здружението, петте линка и двојазичноста (македонски и англиски). Континуираните подготовки за полагање ACI испити преку организирање семинари и други облици на комуникација, за банките во РМ треба да претставува предизвик за поголем интерес за едуцирање на својот кадровски потенцијал за навреме да можат да се соочат- успешно да ги совладат новите предизвици за ефикасно функционирање на финансиските пазари без граница.

Во прилог на континуираното усогласување на банкарската регулатива со низа сандарди и критериуми, се со цел за повисок степен на квалитет во вршењето на финансиски активности на финансиските пазари, во рамки на својата супервизорска функција, во ноември 2004г. со Одлуката за потребната документација за издавање на согласност на банките и за доставување на известување за промена на сопственичката структура на акции со право на глас, покрај останатото НБРМ утврди, дека за вршење на финансиски активности од чл. 46, ст. 1 т. од 1-9 од Законот за банки, покрај останатото кон барањето се поднесува и доказ за отпочната процедура за приклучување на Ѕ.W.I.F.Т. системот. Натаму, за вршење на финансиски активности од чл. 46, ст 1, т. 4, 6 и 7 од Законот за банки, е утврдено, дека покрај останатата документација, кон барањето се поднесува и сертификат за работа на финансиските пазари, за вработените кои што ќе извршуваат работни задачи поврзани со наведените финансиски активности, и тоа најмалку ACI Dealing Cerificat за вработените во front office- девизни дилери и за ACI Settlement Certificate -за вработените во back office, и доказ за поседување на електронски систем за пристап до информациите на финансиските пазари и тoa: Reuters, Bloomberg или Tenfore.

Исто така и за вршење на финансиски активности од чл. 46 ст.1 т. 5 од Законот за банки, во земјата покрај документацијата, кон барањето се поднесува и цертификат за работа на финансиски пазари, за вработените кои ќе извршуваат работни задачи поврзани со наведените финансиски активности, и тоа најмалку ACI Dealing Cerificatе за вработените во front office -девизни дилери и ACI Settlement Certificate за вработените во back office и доказ за поседување на унифициран електронски систем за пристап до информациите на девизниот пазар во РМ. Унифицирањето на електронскиот систем за пристап до информациите на девизниот пазар во РМ го организира НБРМ.

Севкупните активности на ACI Македонија и НБРМ покажуваат тренд на континуирано усогласување на регулативата и практиката во интерес на квалитетот на финансиските активности и санкционирање на противправните дејствија.

Проф. д-р. Кики Мангова-Поњавиќ, „Билтен на Стопанска Банка Скопје“, мај-јуни 2005
(Авторот е професор на Правниот факултет во Скопје)




   
     
 
main page | about us | members | SKIBOR | events | education | links | assembly
© 2016 ACI Macedonia - Financial Markets Association. All rights reserved.