Светски банкарски брендови на собранието на АЦИ Македонија во Охрид

Финансиски експерти од Deutsche Bank FFM, Commerzbank FFM , BNP Paribas, Merryll Lynch,London Raiffeisen Zenralbank Vienna, како и претставници на информативните куќи Tenfore, Reuters и Bloomberg, ќе присуствуваат на собранието на АЦИ Македонија од 5 до 7 октомври во Охрид

Од 5 до 10 октомври годинава во Охрид ќе се одржи 12-то годишно собрание на Здружението на финансиски пазари-АЦИ Македонија. На Собранието ќе присуствуваат многу финансиски експерти од земјава и од странство, меѓу кои од познатите светски банки Deutsche Bank FFM, Commerzbank FFM, BNP Paribas, Merryll Lynch,London Raiffeisen Zenralbank Vienna и други, како и претставници на информативните куќи Tenfore, Reuters и Bloomberg.
Според Милена Перчинкова, претседател на АЦИ, на годинешнава средба ќе бидат разменети мислења и искуства за актуелни случувања и развојот на финанаиските пазари во Македонија и светот. Годинава во Охрид ќе присуствува и Манфред Виебоген, претсдеателот на светското Здружение на финансиски пазари, што според Перчинкова, говори колку македонското Здружение на финансиски пазари е почитувани во светската финансиска јавност.
Некои од темите кои ќе бидат опфатени се употребата на деривативите како ефикасен начин за управување со ризици и подобар поврат, структурирани производи, заштита и управување со ризици, резултатите од воведувањето на македонската примарна каматна стапка СКИБОР и новиот Закон за банки.
АЦИ Македонија е иницијатор на неодамна воведената референтна каматна стапка во земјава-СКИБОР, која покажува која е основната камата по која банките си позајуваат помеѓусебе.
Здруениео на финанасиски пазари во Македонија е формирано во 1996 година, а од 2001 година е член на најголемото светско здружение кое има над 13 илјади членови и во кое членуваат 67 земји од светот.
Od "KAPITAL"  13.09.2007