Економија и Бизнис- Компромис помеѓу ценовната и финансиската Стабилност (осврт на монетатарните политики на ЕЦБ и ФЕД)

 

автор: Дејан Граорковски

По долгиот период на невообичаено ниски каматни стапки, на пазарите постоеше загриженост  дека кога централните банки нагло ќе ги зголемат каматните стапки, тоа би можело да резултира со одреден негативен исход. Случувањата на глобалните финанскиски пазари во изминативе две недели (пропаѓањето на неколку банки во САД и спасувањето на “Credit Suisse“ во Европа), послужија како остар потсетник дека сепак постои потреба за компромис помеѓу затегнувањето на монетараните политики и одржување на финансиска стабилност.

Најпрво, американската банката “Silicon Valley“ на 8-ми март објави план за продажба на своите акции во износ од 2.25 милијарди долари, истовремено пријавувајќи значајни загуби на своето инвестициско портфолио. Следствено, веќе наредниот ден акциите паднаа за 60% при што Федералната корпорација за осигурување на депозити (понатаму во текстот FDIC) донесе одлука оваа банка да престане со работа.

Иако “Silicon Valley” не се сметаше за системски значајна банка, сепак нејзината неликвидност ги принуди Федералните Резерви да дејствуваат со цел да спречат понатамошна “системска зараза”. Брзата интервенција на ФЕД, кои успеаја да обезбедат сеопфатна  гаранција за депозитите, како и да обезбедат дополнителна ликвидност за други загрозени банки (преку вреднување на нивниот колатерал, записи и обврзници на САД по номинална цена), укажува на значителна загриженост во однос на “финансиската зараза” која евентуално би следела.

Слична судбина доживеа уште една американска банка “Signature Bank” на 12-ти Март. Имено, ова е 3-та најголема банка во историјата на САД што прогласила банкрот, пред се како резултат на рапидно повлекување на околу 20% од целата депонетна база. Иако оваа банка немаше голема изложеност на крипто пазарот, сепак регулаторот изгуби доверба во менаџментот на банката и таа заврши под мониторинг на FDIC.

Continue reading “Економија и Бизнис- Компромис помеѓу ценовната и финансиската Стабилност (осврт на монетатарните политики на ЕЦБ и ФЕД)”

Економија и Бизнис- Што е дилерот на девизниот пазар и позначајни случувања на глобалните пазари

 

Весна Трајковска

Кога се говори за девизниот пазар и неговото големо значење во целокупниот финансиски пазар, всушност се мисли на дилерите кои ги извршуваат работните задачи и придонесуваат за негово активно функционирање. Ако се направи компарација со брокерот, кој тргува со хартии од вредност во име и за сметка на клиентите и кој се смета за повеќе употребувана категорија во економската терминологија помеѓу луѓето, дилерот, исто така, е дел од финансиските пазари, но во сегментот на тргување со странски платежни средства, односно валути. За разлика од брокерите кои можат да работат и како самостојни брокерски компании, дилерите во нашата земја се дел од девизните пазари на банките и резултатот од нивното работење е меѓу позначајните ставки во реализираните профити на банките. Дилерот одлуката за купородажба (на која цена и во кој момент на движење на берзата ќе ја затвори трансакцијата) ја донесува тогаш кога мисли дека ќе направи најголема заработка, што со себе повлекува голем стрес и ризик истовремено.

Дилерите се обучени искусни професионалци, кои покрај основната дејност врзана со секојдневното тргување со валути ги следат и моменталните состојби на пазарите во светот, како и најновите податоци кои економиите ги објавуваат, а од кои зависи движењето на валутите на берзите во светот (невработеност, инфлација, БДП, индекси на потрошувачки цени итн).

Continue reading “Економија и Бизнис- Што е дилерот на девизниот пазар и позначајни случувања на глобалните пазари”

АЦИ КАФЕ-13.09.2023

 

Почитувани членови и АЦИ пријатели,

Во име на Извршниот и Надзорниот Одбор на АЦИ Македонија ве покануваме во Среда ,13.09.2023 година, со почеток во 16:30 часот во кафулето Мистер Џек на нашата редовна дружба – АЦИ Кафе.

Летните одмори завршија и имаме интересна есен во пресрет во однос на активности и нова регулатива.

Повелете, добредојдени сте.

Регистрација за 28. Годишно Собрание на АЦИ Македонија ЗФП

 

Кога:   26 Мај – 28 Мај, 2023

Каде:  Струмица, Хотел Сириус

 

Registrations are closed for this event

Напомена: Котизација за настанот чини 2.000,00 мкд по учесник и е неповратнаНоќевање во еднокреветна соба со доручек- 3.000,00 мкд на ден.  Ноќевање во двокреветна соба со доручек- 2.500,00 мкд на ден.

 

Пријавување до 18 мај, 2023

 

За подетални информации ве молиме контактирајте ги:

 

Бојан Цветановски

T: +389 78 300 784    мејл:  b.cvetanovski@nlb.mk

Сашо Радевски

T: +389 23 295 108    мејл: Saso.Radevski@stb.com.mk

Јане Настоски

T: +389 25  100 889   мејл: j.nastoski@nlb.mk 

Зоран Ангеловски

T: +389 70 383 981    мејл: zoran.angelovski@halkbank.mk

 

Се гледаме таму!