АЦИ Кафе- четврток, 27 април 2023

 

Почитувани Членови и АЦИ Пријатели,

Чест ми е да ве поканам во име на Извршниот и Надзорниот Одбор на АЦИ Македонија во Четврток ,27.04.2023 година со почеток во 16:30 часот во кафулето Мистер Џек на нашата редовна дружба – АЦИ Кафе.

Имаме Собрание на Здружението во пресрет со интересни теми и презентации,состанок на ФЕД,состанок на ЕЦБ,too bearish dollar environment, Закон за финансиски инструменти, ИСДА мислење.

Значи, добри теми за разговор,неформално и формално, и дружбата е еден вид на поттикнување на идеји.

Повелете, добредојдени сте.

SAVE THE DATE- 28-мо Годишно Собрание на АЦИ Македонија ЗФП

 

Ве покануваме на 28-мото Годишно Собрание на АЦИ Македонија кое оваа година ќе се одржи во Струмица (хотел Сириус) од 26-ти до 28-ми мај.

Регистрацијата за посета на настанот ќе биде достапна на нашата веб страна.

Ве очекуваме!

 

Известување за ефектива во дански круни (DKK)

 

По добиено известување од странските банки дека по 31.10.2022 нема да примаат ефективни пари во дански круни, известуваме дека банките во Р.С.Македонија ќе примаат/исплатуваат ефектива во дански круни најдоцна до датите на известување на секоја банка. Напоменуваме дека наведеното нема влијание врз безготовинскиот платен  промет во дански круни.