Годишно Собрание на АЦИ Македонија –Здружение на финансиски пазари на 27.11.2020 година

 

Согласно член број 18 од Статутот на Здружението свикувам редовно 25-то

 

Годишно Собрание на АЦИ Македонија –Здружение на финансиски пазари

 

на 27.11.2020 година од 11.00 часот до 13.00 часот

 

Со следна содржина:

·         Вовед во Собранието,

·         Поздравен Говор-Г-ѓа Анита Ангеловска-Бежоска-Гувернер на Народната Банка на Република Северна Македонија,

·         Поздравен Говор-Г-ѓа Маја Стевкова-Штериева-Претседател на Македонската Банкарска Асоцијација,

·         Извештај за работата и идни планови на Здружението-Г-дин Бојан Цветановски-Претседател на Здружението АЦИ Македонија – Здружение на финансиски пазари,

·         ИСДА мастер договор имплементација и тековен развој-Г-дин Ѕвонко Станковски-Директор на Сектор за ликвидност и тргување во Уни-Банка,Скопје-Координатор на ИСДА проектот во АЦИ Македонија,

·         СКИБОР ретроспектива и движења-Г-дин Сашо Радевски-Заменик Директор во Сектор за средства и ликвидност во Стопанска Банка,Скопје-член на СКИБОР одборот за избор и следење на референтни банки од АЦИ Македонија,

·         Измена на Статутот на Здружението-дискусија и гласање,

·         Избор на член на Надзорен Одбор на Здружението-гласање

·         Усвојување на Завршната сметка за 2019 година на Здружението.

 Собранието ќе се одвива по пат на Webex платформата, секој учесник на е-маил ќе добие линк за поврзување.

 Молиме пријавите за учество да ги испраќате по е-маил на Секретарот на Здружението г-дин Јане Настоски(j.nastoski@nlb.mk) најдоцна до 20.11.2020 година.

 

Претседателските избори во Соединетите Американски Држави и последиците врз промената на вредноста на американскиот долар- списание Економија и Бизнис

 

автор: м-р Јован Кипријанов

На почетокот на ноември 2020 година треба да се одржат претседателски избори во Соединетите Американски Држави, на кои како кандидати за претседател би се соочиле Доналд Трамп, како претставник на Републиканската партија, и Џо Бајден, како претставник на Демократската партија. Неизвесна е победата на кој било од кандидатите на овие избори, а исходот од нив има големо влијание врз финансиските пазари во светот.

Вообичаено изборите имаат позитивно влијание врз економијата во САД, но овојпат околностите се различни поради новонастанатата ситуација со пандемијата на корона вирусот. Оттука како најзасегнатa од сите останати валути може да се издвои американскиот долар, кој во најголема мера зависи од случувањата во економијата на САД.

На почетокот од пандемијата на корона вирусот американскиот долар стана најсигурна валута (safe haven) за инвестирање во светот (заедно со јапонскиот јен), така што валутниот пар ЕУР/УСД кон средината на март 2020 година го достигна највисокото ниво во однос на еврото (1,0658), односно нивото од април 2017 година, како последица на зголемената побарувачка на американски долари и на потребата од ликвидност во оваа валута. За разлика од тој период, во последните три месеци парот го регистрираше најниското ниво забележано во последните две години (1.1941), што ја покажува големата волатилност на валутата во период на поголеми промени и движења на светските финансиски пазари. Индексот на американскиот долар се намали за речиси 7% во последниот тримесечен период, иако во првите три месеци од годината континуирано растеше. Имајќи го предвид економското закрепнување на Европа од пандемијата на коронавирусот, како и начинот на справување, воведување рестрикции и олабавување на мерките во споредба со оној на  САД, се констатира дека тоа придонело за послаб долар во однос на еврото. Continue reading “Претседателските избори во Соединетите Американски Држави и последиците врз промената на вредноста на американскиот долар- списание Економија и Бизнис”

COVID-19: Економските последици врз светската економија и нивно амортизирање- списание Економија и Бизнис

 

автор: Дејан Граорковски

Во изминатиов месец, на глобално ниво, сме сведоци на големи падови и волатилнoсти на  берзите и финанскиските пазари какви што за последен пат беа забележани за време на големата финансиска криза 2008-09 година. Додека во тоа време најголеми “виновници” за настанатата криза беа финансиските институции, овој пат причинителот е доста нетипичен. Новонастанатата ситуција е резултат на големото ексопненцијално ширење на респираторниот “Корона вирус” (попознат како COVID 19) од Кина кон Европа, а на крај и во САД. Од вирусот моментално се заболени жители на околу 150 земји ширум светот. Моментално, неговото ширење претставува најголема закана за светската економија и глобалните финансиски пазари.

Поради ваквиот развој на ситуацијата, СЗО на 11ти март донесе одлука да прогласи состојба на глобална Пандемија.

Од Вирусот COVID19, кој за првпат беше детектиран кон почетокот на  јануари во градот Вухан (дел од Провинцијата Хубеи) во Кина, до 11-ти март 2020 беа заболени 81.250 кинези, а 3.253 починаа (главно жители на Вухан). Токму кога кон крајот на февруари, кинеските власти успеаа да го локализирааат ширењето на вирусот, тој започна масовно да се шири низ Европа, најмногу во Италија и Шпанија, за во моментов САД и Италија ја надминат Кина по бројот на заразени жители. Статистиките од Италија се застрашувачки, со тоа што бројот на починати достигна рекордни 10.779, а речиси идентична е и ситуацијата во Шпанија. Ниту Балканскиот полуостров, вклучувајки ја и нашата држава, не останаа имуни на овој вирус. Сепак бројот на заразени и починати е доста помал од погоренаведените региони. Continue reading “COVID-19: Економските последици врз светската економија и нивно амортизирање- списание Економија и Бизнис”

Финансиските пазари во време на пандемија- списание Економија и Бизнис

 

автор: Стојан Донески

Појавата на вирусот кој со голема брзина се прошири низ цел свет преку ноќ ги донесе светските економии во рецесија. По дефиниција, според традиционалните мерења ниедна економија сеуште нема регистрирано пад на БДП, но реалноста е дека скоро сите развиени економии веќе се во длабока рецесија. Падот на економската активност во светот е се споредува со оној на големата депресија од 30-тите години на минатиот век. По почетниот шок од вирусот и вртоглавото зголемување на бројот на заболени, повеќето земји во последниов период бележат намалување на бројот на новозаболени а со тоа светот полека ќе почнува да се враќа во нормала, броејќи ги загубите.

Ширењето на вирусот, стравот, мерките за социјално дистанцирање, ограничување на движењето, затворање на граници и слично, најпрво се пресликаа во падот на берзанските индекси во светот а потоа низ глобалната економиска активност. Од почетокот на кризата загубите на светските берзански индекси отидоа во негатива за 25 до 30 проценти.

Проблемите со производството од почетокот на кризата се прелеаа во рекордно намалување на побарувачката, освен таа за есенцијални и фармацевтски производи и услуги. Continue reading “Финансиските пазари во време на пандемија- списание Економија и Бизнис”