Белградските компании Tenfore и Europoint Systems со донација за борба против коронавирусот во Македонија

 

Двете сестрински компании Tenfore и Europoint Systems од Белград, како долгогодишни деловни партнери на Народната банка и деловните банки во Северна Македонија, како друштвено одговорни компании, без чекање и меѓу првите притекнаа во помош во борбата против корона вирусот COVID-19 во Северна Македонија и донираа значајни финансиски средства во износ од 16.000 евра на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби Скопје и на Институтот за јавно здравје Скопје.

Со наведените средства, на Инфективната клиника поправен е дефектен респиратор и набавени се машина за перење алишта, машина за сушење алишта и мобилни телефони, сè заедно во вкупен износ од 6.000 евра, додека на Институтот за јавно здравје донирани се 10.000 евра за набавка на реагенси и тестови неопходни за тестирање на COVID-19.

„Сакаме да изразиме благодарност до двете српски компании Tenfore i Europoint за направената донација, кои уште во март беа само втор донатор на нашиот Институт, што ни овозможи благовремено да набавиме дополнителна количина на материјали неопходни за тестирање на COVID-19. Со тоа компаниите искажаа солидарност и хуманост на најдобар можен начин и допринесоа во зачувување на здравјето на што поголем број наши граѓани.” – истакна Доц. Д-р Шабан Мемети, директор на Институтот за јавно здравје Скопје.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 + eleven =