Карактеристиките на Девизниот Пазар со осврт на Република Македoнија- списание Економија и Бизнис

 

автор: Дејан Граорковски

Девизниот пазар претставува перманентно среќавање на понудата и побарувачката на слбодни девизни средства ,односно претставува место каде што парите деноминирани во една валута се разменуваат (купуваат продаваат) со пари деноминирани во друга валута.. Тој е многу важен сегмент од вкупното пазарно функционирање на економијата во одредена држава. Исто така, мора да се напомене и неговата функција во обезбедување на најдобра алокација на девизите, место кое на најдобар начин го определува девизниот курс и обезбедува ефикасни трансакциони врски на домашното со странското стопанство. Како учесници на овој пазар се јавуваат: Банките, економските субјекти (корпорации и фирми), други финански институции, населнието и централните банки .

Девизниот курс ја претставува цената на една странска валута изразена во домашна валута. Основната задача на девизниот курс е да овозможи споредување на цените во земјата и во странство, што сигнализира за економските на една земја со странство. Токму поради оваа причина, девизниот курс има големо влијание на меѓународната трговија, а посредно на целокупните економски текови. Основната поделба на девизните курсеви е на: фиксни и варијабилни (pegged и unpegged). Првиот сегмент на девизни курсеви подразбира врзуваење на девизниот куррс на домашната валута во однос на една или неколку странски валути. Кога е во прашање фиксниот девизен курс, централната банка се стреми кон тоа да ја одржува стабилноста на цените преку целосна контрола на движењето на вредноста на домашната валута во однос на една или повеќе странски валути. За споредба, кај варијабилниот девизен курс, вредноста на одредената валута се определува само преку влијанието на понудата и побарувачката. Република Македонија е една од оние земји (економии) кои не можат слободно да се потпрат на понудата и побарувачкакта на девизи на девизниот пазар  и затоа централната банка согласно монетарната политика, интервенира за да се создаде потребната ценовна стабилност. Факторите кои придонесуваат за тоа  се: мала и отворена еконоија, увозна зависност од енергенси(притисок врз домашни цени) и увозна зависност на извозот.

Република Македонија по осамостојувањето од СФРЈ, се соочи со сериозни економски проблеми како што се хиперинфлацијата, намалувањето на БДП и зголемувањето на невработеноста. Со вакви нестабинло економско опкружување, во коешто хиперинфлацијата и макроекономската нестабилносто беа сериозна закана да го урснат целокупниот економски ситем, монетарните власти спроведоа политика на фиксирање на курсот на денарот со тогашната германска марка се со цел да се сопрат тогашните хиперинфлаторни тенденции. Ваквата политика на фиксен девизен курс продолжи и во иднина, така што денес денарот е врзан со еврото во паритет од (1евро = од 61.47 до 61.72).

Девизниот пазар во РМ е воспоставен во 1993 година и тоа како институционалзиран пазар во рамките на НБРМ. Во овој период,девзиниот пазар бил расцепкан и премногу регулиран, со нагласена улога на централната банка. Меѓутоа во 2002 година започнува нов начин на функционирањето на македонскиот девисен пазар. Реформираниот девизен пазар ги содржи следните карактеристики: од берзански тип на пазар прераснува во шалтерски пазар; како учесници покрај НБРМ, се јауваат банките и претпријатијата каде што вторите немаат обврска да ги продадат девизите во одреден рок и можат со нив да располагаат неограничено на своите девизни сметки; претпријатијата не можат директно да тргуваат со девизи (тоа може да го вршат преку овластени банки); банките објавуваат куповни и продажни курсеви кои се подложни на промена во текот на еден ден; централната банка може да интервенира на девизниот пазар преку банките- подржувачи (6те најголеми банки во РМ).  Девизниот курс на денарот во однос на еврото се формира на крајот на секој работен ден, преку котираните, куповни и продажни курсеви (ЕУРМКД)  од страна на банките подржувачи на девизниот пазар.Маргината помеѓу котираниот куповен и продажен курс не смее да надминува повеќе од 0,05 денари. Овие активности се одвивуваат на електронската платформа за меѓубанкарско тргување.

Во последните осум години трговската размена на РМ со странските партнери бележи значаен пораст. Во 2010 обемот на трговската раземна изнесува околу 9 милијари евра, а во 2018 заклучно со Ноември изнесува, околку 12.5 милијари евра. Овие показатели се рефлектираат и во девизниот пазар на РМ каде што се забележува зголемување во обемот на истргувани девизи. Имено, во 2010 прометот изнесувал 6.15 милијарди евра (околу 25 милиони евра дневно),во 2017 изнесува 7.5 милијарди евра (30 милиони евра дневно),додека во 2018та истргуваната количина достигна бројка од околу 8.2 милијарди евра (33 милиони евра дневно). Бидејки земјите од ЕУ се најголем трговски партнер на РМ, еврото е најтргувано на девизниот пазар со 81% учество во вкупниот девизен промет. Втора најтргувана валута е Американскиот долар со 13 % учество. Потоа следи швајцарскиот франк, британската фунта, а во помали количини присутни се австралискиот и канадскиот долар, како и скандинавските валути.(СЕК,НОК и ДКК).

Во последните неколку години, голем дел од понудата на девизи на пазарот доаѓа од компаниите кои се активни во Технолошко индустстриските развојни зони (ТИРЗ).Исто така фирмите од градежништвото и ИТ секторот имаат значаен удел во креирањето на понудата. Од друга страна пак,намалена е улогата на фирмите од металната индустрија.

Кога е во прашање побарувачката на девизи, важно е да се напомене дека една третина отпаѓа на компаниите од енергетскиот сектор, со посебен акцент на увозот на нафта и електрична енергија. Понатаму, во побарувачката на девизи значителенн удел имаат компаниите кои се занимаваат со трговија и производство на храна, како и од дејноста трговија на големо.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four × four =