Карактеристики и потенцијал на Криптовалутите – со посебен осврт на Биткоинот- магазин Економија и Бизнис

 

автор: Дејан Граорковски

Во првите неколку месеци од 2021, како и во изминатата година, целокупната светска и домашна јавност е сведок на вртоглавиот раст на цените на најголемите крипто валути во однос на нивната пазарна каптилазиција. Најстарата и најпопуларната криптовалута (Bitcoin), во 2020-та година достигна раст од 600%, a само од почетокот на оваа година нејзината ведност се зголеми за дополнителни 80%. Дополнително, и вредноста на другите најтргувани крипто валути како што се Ethereum, Litecoin i XRP пораснаа за 1.010%,350% и 230%, соодветно.

Како резулат на овој вртоглав пораст на цените, пазарната капитализација на криптовалутите достигна износ од 1.6 трилиони американски долари, при што биткоинот има учество од 68%. Ваквите бројки не ги оставија рамнодушни дури ниту најголемите критичари на Крипто Пазарот.

Имајки ги во предвид овие случувања, на почетокот на текстот ќе се обидеме да ги обjасниме карактеристиките на крипто-валутите и целта за нивно креирање. Дополнително, во понатамошниот дел од текстот, ќе го анализираме потенцијалот и идните перспективи на овој пазарен сегмент, со цел да добиеме појасна слика во која насока би се движел истиот.

Криптовалута може да се дефинира како облик на дигитална сопственост која се користи како средство за размена на стоки и услуги. Начинот на обезбедување на сигурност на трансакциите е овозможен преку користење на технололија наречена (blockchain). Воедно, преку оваа технологија се врши и контрола на креирање дополнителни парични едниници, како и потврда за трансферот на валута. Најпознатата и највредна валута, мерено по пазарна капитализација е “Биткоинот”.

Bitcoin настанува во почетокот на 2009та година од група на програмери позната под псевдонимот Сатошти Накамото. Тие го опишиуваат како “peer-to-peer електронски готовински систем”. Овој систем е целосно децентрализиран, односно не е издаден и контролиран од страна на некоја земја или централна банка. Овој вид на валути (криптовалути), исто како и оние во традиционална форма, може да се користат како средство за размена на производи и услуги. Меѓутоа, за разлика од “обичните валути” криптовалутите се шифрираат со користење на Blockchain технологија.Тоа е така бидејки секоја дигитална информација може лесно да се размножи, измени и е многу едноставно да се манипулира со истите.

Blockchain претставува сложена база на податоци која во себе ги содржи сите направени трансакции и ги дели сите страни коишто учестуваваат во системот базиран на Bitcoin протокол. Сѐ се чува во мрежата на серверите, а истата функционира како база на податоци, така што секој индвидуален сервер ги содржи сите податоци за трансакциите, односно е децентрализиран. За споредба, кај “обичните валути”, конвенционалната мрежа е базирана на централизирна мрежа, каде што главни учесници се авторитарни центри, како што се банки или државни агенции.

Зашто се Биткоинот и останатите крипто валути популарни? Постојат повеќе причини за тоа:

  • Подржувачите на Биткоинот го гледаат како валута на иднината и се во налет да го купат сега, под претпоставка дека ќе им донесе значајна добивка во иднина
  • Крипто-валутите се пренесуваат помеѓу договорните страни врз принципот peer-to-peer, односно без посредници (финансиски институции или платни системи) и со минимални провизии.
  • Паричниците со криптовалути не можат да се контролираат однадвор, затоа никој нема право да ги замрзне или пак да наметне ограничувања на износот на трансферот.

И покрај тоа што на пазарот моментално постојат околу 7.000 криптовалути, Биткоинот е најпопуларен и има најголема вредност според пазарна капитализација. Од тука се поставува прашањето, зашто е тоа така?
Една од причините е затоа што има изградено јака репутација како прва крипто валута на пазарот односно предноста на пионер и со тоа добива голема медиумска засптапеност и доверба кај инвеститорите. Понатаму, многу интересен и важен фактор е тоа што оваа криптовалута има ограничена понуда.  Досега во циркулација се околу 18.5 милиони биткоини а предвидениот максимум е да се создадат 21 милион до 2140 година. Имајки го ова во предвид, ограничената количина во комбинација со зголемена побарувачка би влијаело врз значаен пораст на цената во иднина. Останатите крипто валути како што се Еthereum, LiteCoin I XPR во моментов немаат ограничена понуда, што ги прави помалку атрактивни.

Ако се навратиме во 2017-та година Биткоинот исто така имаше голем раст на вредноста како и оваа година. Но што е разликата? Во тој период растот беше предизвикан од големата побарувачка на индвидуалните инвеститори. За разлика од тој период, денес главни двигатели на побарувачката и на цената се институционалните инвестори, пред се во САД. Инвестициите во Биткоинот од страна на компанијата Тесла во износ од 1.5 милјарди долари, допринесоа за огромен пораст на цената. И други компании како Мајкросфот и Сквер инвестираа солиден износ на средства. Морган Стенли стана првата голема Банка во САД којашто им понуди на своите имотни клиенти пристап до фондовите на биткоин.

Сите овие случувања не можеше да останат незабележани од страна на Централните Банки на најголемите светски економии од аспект на тоа каде би се движела цената во иднина. Во една анализа направена од страна на Дојче Банк, се предвидува дека биткоинот ќе остане “ултра нестабилен” поради ограничената трговија на оваа криптовалута.Тоа би значело дека само неколку големи набавки или излези на пазарот би можеле значително да влијаат на рамнотежата помеѓу побарувачката и понудата. Во истата анализа, како голема пречка беше истакната неликвидноста на оваа валута.

Во едно свое неодамнешно обраќање, претседателот на ФЕД – Џером Пауел изјави дека криптовалутите и понатаму остануваат нестабилни чувари на вредноста (кое што е едно од основните својства на парите). Тој ги окарактеризира како шпекулативни средства кои никако неможат да бидат замена за американскиот долар или други резервни валути.

На крајот ќе го поставиме прашањето кое сигурно е најактуелно периодов:

Дали да инвестирам во Биткоин или во некоја друга крипто валута?

Одговорот би бил ДА. Меѓутоа ако и само ако имате вишок на средства и голема толеранција кон ризикот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nine + seventeen =