ACI Macedonia

Финансиски инструменти

Во последно време се повеќе на актуелност добиваат следниве видови на трансакции:

Во продолжение следува кратко објаснување за секој од нив.

За повеќе информации контактирајте ги Членовите на нашето Здружение.

Репо

Во текот на 2005 година беа поставени основите за развој на репо-пазарот во Република Македонија преку поставување на правилата за тргување и порамнување на пазарите преку шалтер и преку изготвување Генерален репо договор, како унифицирана правна рамка за склучување на репо трансакции помеѓу пазарните учесници, согласно кој се предвидува склучување на репо трансакции со сите краткорочни хартии од вредност. 

Воведувањето на репо трансакциите во РМ започна со активностите поврзани со поставувањето на основите на пазарите преку шалтер, како конкурентна рамка за тргување и порамнување на хартиите од вредност со ниски трансакциски трошоци. Притоа, тргувањето на пазарите преку шалтер се заснова на систем на котации, каде за порамнување на склучените трансакции се користат постоечките врски помеѓу платниот систем МИПС, банките и Централниот депозитар на хартии од вредност – ЦДХВ, при што се овозможува порамнување во реално време, со примена на принципот на „испорака наспроти плаќање“.

Што е репо договор?

Животниот циклус на репо-договорот вклучува една страна која продава хартија од вредност на друга страна и истовремено потпишува договор за повторно купување на истата хартија од вредност на одреден датум по договорена цена. Цената за повторно купување е повисока од почетната цена за да ја одрази временската вредност на парите.

Датум на купување

Купувач (на ХВ)

Парични средства

ХВ (колатерал)

Продавач (на ХВ)

Датум на продавање

Купувач (на ХВ)

ПС/ва + камата

ХВ (колатерал)

Продавач (на ХВ)

Репо операциите претставуваат флексибилен инструмет за ликвидносно управување, преку кои се овозможува поевтино и посигурно позајмување на финансиски средства од страна на банките и другите финансиски институции во споредба со необезбеденото (неколатерализираното) тргување. Флескибилноста на овој инструмет произлегува од можноста за брзо и сигурно претворање на паричните средства во хартии од вредност и обратно.

Форвард

Договорот за терминска размена или т.н форвард е договор помеѓу банката и клиентот за размена на валути по фиксен курс на иден датум.

Форвард договорот ги штити купувачите и продавачите од флуктуации на девизниот курс и може да се прилагоди во однос на износот и времето на порамнување.

Форвард стапките обично се пресметуваат со помош на формула што ја прилагодува моменталната спот цена на валутниот пар што се тргува и разликите во каматните стапки помеѓу двете валути, помагајќи да се утврди фер терминска цена.

Целта на форвард договорот е да се заклучи девизен курс помеѓу две валути на иден датум за да се минимизира валутниот ризик.

Ова може да се направи, на пример, ако компанијата е договорно обврзана да плати одреден износ за идна испорака на стоки во странска валута и сака да го заклучи курсот.

Чекори во склучување на форвард договор

Форвард договор е договор што се склучува меѓу банката и клиентот.

Банката и клиентот договараат форвард цена која штити од т.н валутен ризик.

Договорните страни чекаат до договорениот датум за реализација на трансакцијата.

На договорениот датум се реализира трансакцијата по договоренata форвард цена.

Каматен Своп

Каматен своп (Interest Rate Swap) претставува договор за размена на каматни стапки. Според истиот, двете страни периодично плаќаат износ на камата за неговото времетраење. Каматниот своп практично е размена на фиксна каматна стапка со променлива и обратно.

Целта е намалување на изложеноста кон флуктуации на каматните стапки и обезбедување на пониска каматна стапка кое не би било возможно без употребата на каматниот своп.

Според договорот за каматен своп едната страна плаќафиксна каматна стапка, а другата променлива. Променливата се базира на некоја од референтните каматни стапки како LIBOR или EURIBOR.

Значајна карактеристика е што договорот за каматен своп мора да биде склучен на временски период подолг од 1 година.

Корисни материјали

Во прилог се документи поврзани со објаснувања за што се користи каматниот своп, инфографички приказ на чекорите од договорот, предности и недостатоци на каматниот своп, како и книговодствено евидентирање и mark-to-market вреднување.