е-Воркшоп на тема Управување со Биланси во банкарското работење
Нашата соработка со компанијата за финансиска едукација Bearning продолжува.
Имаме чест да ве поканиме на е-Воркшоп на тема Управување со Биланси во банкарското работење со актуелни современи содржини презентирани од Г-дин Мартин Мачко и неговиот тим кои имаат долгорочно искуство во овие сфери.
Воркшопот (и поканата за учество) се наменети не само за членовите на АЦИ Македонија туку и за сите вработени ангажирани во службите за управување со билансите на банките.
Датумот на одржување е Петок,29-ти Октомври со почетокот во 10.00 часот и завршеток во 16.00 часот преку платформата Microsoft Teams.Во продолжение е содржината на Воркшопот и линкот за приклучување.
Би замолиле учесниците кои ќе присустуваат да го потврдат своето учество најдоцна до Четврток, 28-ми Октомври до 12.00 часот на е-маил на Секретарот на Здружението Јане Настоски.