Работна средба на АЦИ Македонија со НБРСМ во врска со ISDA
Претставници на Здружението на финансиски пазари – АЦИ Македонија, заедно со адвокатот Драган Лазаров од Адвокатското друштво „Лазаров“, остварија работна средба со Гувернерот на НБРСМ, г. Трајко Славески, и Вицегувернерката г-ѓа Емилија Нацевска.
На средбата беа дискутирани актуелни теми од областа на финансиските пазари, новата оперативна монетарна рамка, како и правните активности поврзани со ИСДА (International Swaps and Derivatives Association), со цел понатамошно унапредување на пазарните практики и институционалната соработка.