Бројот на основачи бил 10, а како најзаслужни за истото можат да се напоменат Душанка Христова (тогашна вицегувернерка на НБРМ), Синиша Велковски од НБРМ, Драган Димитров, Мите Лалевски, Звонимир Солтиров. Исклучителна важна била огромната поддршка од НБРМ, како од организациски така и од финансиски аспект, па така официјалните простории на здружението се наоѓале на 5-тиот кат во зградата на НБРМ.