ACI Macedonia

Македонските банки се приклучуваат на SEPA

Од 7 октомври 2025, Македонија официјално станува дел од Единствената зона за плаќања во евро (SEPA – Single Euro Payments Area). Овој историски чекор ќе им овозможи на граѓаните и компаниите во земјава да вршат и примаат плаќања во евро на ист начин како во земјите од Европската Унија и пошироко.

Придобивки за граѓаните и компаниите:

Поевтини: Надоместоците за трансакции во евро ќе бидат значително пониски во споредба со досегашните меѓународни плаќања.

Побрзи: Парите ќе стигнуваат до примателот најчесто во рок од еден работен ден, без разлика дали плаќањето оди во Германија, Франција или било која друга СЕПА земја.

Поедноставени и дигитални: Наместо задолжителна посета на експозитура и обемна документација, како што беше досега, СЕПА плаќањата ќе може да се иницираат преку електронско и мобилно банкарство, што носи поголема удобност и заштеда на време.

Зошто е ова важно?

За бизнисите, ова значи намалување на административните и финансиските бариери при соработка со европски партнери. За граѓаните, пак, полесно праќање и примање пари – без редици и хартиена документација, директно од сопствениот телефон или компјутер.

Со приклучувањето кон СЕПА, Македонија прави значаен чекор кон европските интеграции и унапредување на финансиската инфраструктура, носејќи придобивки кои директно ќе ги почувствуваат и домаќинствата и компаниите.

  • Трошоците за граѓаните се намалуваат до 6 пати,
  • Трошоците за компаниите се намалуваат до 8 пати,
  • Трансакциите се извршуваат во рок од еден работен ден,
  • Плаќањата стануваат едноставни како домашни трансфери, кон повеќе од 40 земји членки на SEPA зоната.