Едукација

Динамичните услови на функционирање на финансиските пазари кои се карактеризираат со чести промени и надоградби, бараат квалификуван кадар со високи знаења како за локалните така и за глобалните финансиски пазари. Програмата за образование на АЦИ нуди сертификација, со глобално признати сертификати, кои се синоним за квалитет на финансиските пазари, кои ги подобруваат кариерните можности и со сигурност ги зголемуваат  работните перформанси. Здружението е во тесна соработка со регулаторните тела во голем број земји со цел АЦИ едукацијата  да биде во согласнот со регулаторните барања и пазарните стандарди.

Сертификација

АЦИ – Здружение на финансиски пазари во својот едукативен дел опфаќа специјализирани теми од областа на девизниот пазар, пазарот на пари, репо трансакциите, управување со ризици и слично, кои нудат одлична подготовка за полагање на испитите ACI Dealing Certificate, ACI Operations Certificate и ACI Diploma. Сертификатите се издаваат од АЦИ – Интернационалното здружение на финансиски пазари и се признаени во меѓународни рамки.

Испитите се полагаат во следниве едукативни центри:

  • Стопанска комора на Република Македонија

Контакт: Борис Тримчев (е-mail: boris@mchamber.mk; тел: 072-207-091; 02/3-244-045)

  • Seavus Education Center Скопје

Контакт: Лариса Митиќ (е-mail: larisa.mitikj@seavus.com; тел: 078-499-133)

За закажување на термини за полагање на испитите (ACI Dealing Certificate, ACI Operations certificate и ACI Diploma) Ве молиме користете го следниот линк на ACI FMA :

ACI FMA Web Shop

ELAC – платформа за електронско учење и подготовка на испитите

ELAC е портал на АCI здружението кој обезбедува континуирана обука и сертификација за етичкиот кодекс на однесување на финансиските пазари, чија обука ги промовира највисоките глобални стандарди за професионалност, компетентност и етичко однесување на финансиските пазари. ELAC им обезбедува на работодавачите и поединците кои работат на финансиските пазари висококвалитетно, континуирано професионално надоградување кое ги поттикнува највисоките стандарди на однесување и најдобрата практика во индустријата. ELAC ги уверува финансиските институции дека вработените ги разбираат  нивните обврски и овластувања во работењето.

ACI Dealing certificate

ACI Dealing сертификатот е дел од програмата која им овозможува на кандидатите да се стекнат со одредено знаење за  работа на финансиските пазари, да ги осознаат основите на математиката која се користи на овие пазари, основните продукти ( деривативи, форварди, фјучерси, работа со готовина ).

Курсот е дизајниран за следните групи:

  • Нововработени во овој сектор, и помлади дилери ( искуство од 0-18 месеци)
  • Вработени во Middle office службите
  • Ревизори и вработени во службите за контрола за усогласеност со прописи

Придобивки од испитот:

  • Зголемување на можностите за професионален просперитет на кандидатот  на национално и меѓународно ниво
  • Исполнување на условите утврдени од страна на регулаторните органи
  • Осознавање на глобалниот етички кодекс на однесување , во кој јасно се наведени сите права и обврски на секој дилер врз основа на кои треба да се води и постапува во своето работење
  • Станувате дел од глобалната заедница на АЦИ дилери

ACI Operations certificate

Речиси не постои трансакција која што може да биде изведена без присуство на службата back office . Вработените од back office обезбедуваат целосна поддршка на дилерите во извршувањето на трансакците на финансиските пазари, водејќи сметка за навремено усмерување на паричните текови како и проверка и обезбедување на потребната документација за да може да биде финализирана една траснакција.Сертификатот дава особено знаење во областа на поддршка на операциите кои ги извршува дилерскиот тим, и се труди да помогне во олеснување на соработката со  надзорните тела. Испитот помага кандидатот да биде во тек со  сите случувања и промени кои влијаат на работењето на секторот. Со тоа кандидатите многу полесно ќе ја сфатат целината на процесот на работењето  како од front office така и од back office активностите.

Курсот е дизајниран за следните групи:

  • Вработени во Back office службата со најмалку 2 години работно искуство  и за поискусни   соработници.
  • Други оддели за поддршка на секторот за тргување
  • Внатрешна и надворешна ревизија
  • Референти за контрола и усогласеност со прописи
  • Сектор за управување со ризици

ACI Diploma

ACI Diploma е еден вид на надоградба за оние кои веќе поседуваат еден од сертификатите Dealing или Operations certificate, и истиот е дизајниран со цел кандидатите да се стекнат со комплетно теоретско и практично знаење од областа на девизното работење, пазарот на пари, деривативите, како и врските помеѓу претходно споменатите пазари. Кандидатите се очекува да поседуваат солидно знаење  во основните предметни дисциплини и да имаат солидни познавања од финансиската математика пред да се одлучат да го совладуваат материјалот потребен за стекнување на ACI Diploma.

Курсот е дизајниран за следните групи:

  • Поискусни дилери на девизен пазар и  пазар на пари
  • Лица со повеќегодишно искуство во back office службата

Важно:

Покрај препораката да имате положено еден од испитите Dealing или Operations, не постои обврска еден од двата испити да биде положен за да можете да се пријавите за полагање на ACI Diploma. Препораката да имате положено еден од  гореспоменатите испити е со цел да немате потешкотии при совладување на материјалот за ACI Diploma.

Тестирање:

При тестирањето кандидатот ќе треба да одговори на 107 прашања во рок од три часа.

Прашањата ќе бидат од следните области:

  • девизен пазар
  • пазар на пари
  • деривативи
  • пазарни анализи
  • менаџирање со ризик

 

Преземете  Excel документ:

List ACI-Certificates-holders 2022y