
Девизниот пазар претставува место каде што се сретнува понудата и побарувачката на пари деноминирани во една валута, кои се разменуваат за пари деноминирани во друга валута. Девизниот пазар не е институционализиран. Тој претставува мрежа на сите банки, дилети, трговци, market maker-и во светот, кои прават овој пазар да работи речиси секој ден, деноноќно. Целта на секој учесник е иста. Остварување на профит.
Но, како да се биде успешен трговец со девизи (дилер)?
Дури и најдобрите спортисти промашуваат пенал во нивните најважни натпревари во кариерата. Тоа не е затоа што тие спортисти ги немаат потребните вредности и способности, туку затоа што нивната емотивната состојба во тој момент потклекна, затоа што доживуваат засилен стрес и страв од неуспех. Чувството на стрес и страв има големо влијание врз дилерите во носењето на одлуките во тргувањето со девизите. Способноста на управување со емоционалната состојба, сузбивајќи го стравот во себе, може во голема мерка да го подобри квалитетот на носењето на одлуки.
Психологијата на тргувањето со девизи е многу важна. Многу често психологијата, а не недостатокот на едуцираност или вештини е причина за правење на грешки. Психологијата на тргување овозможува следење на зададените цели, без разлика на моменталните губитоци.
Continue reading “Психологија во тргувањето со девизи- магазин Економија и Бизнис”



