ACI Slovenia webinar invitation: ‘All about inflation’ и ‘Update on the FX Global Code’ | среда, 20ти октомври 2021 | 2.30 pm CET time

 

Почитувани Колеги и АЦИ Пријатели,

 

Во рамки на воспоставената соработка со АЦИ Словенија поканети сме на Вебинар”All about inflation” на 20-ти Октомври од 14.30 часот преку платформата Zoom, бројот на учесници не е ограничен.

AGENDA

14:30 – 14:35

Introduction, Primož Cencelj, Secretary, ACI Slovenia

14:35 – 15:20

All about inflation, Evelyn Herrmann, Director/European Economist, BofA Securities Europe SA

15.20 – 15:30

Q & A session

15:30 – 15.50

Update On the FX Global Code, Rui Correia, Executive Director and Chair of Board of Education at ACI Financial Markets Association

15.50

Closing remarks, Alenka Gedrih, President, ACI Slovenija

 

Webinar- Примена на техничка анализа при тргување на валутен пазар-Форекс

Имаме чест да ве поканиме на Вебинар во организација на АЦИ Македонија и Инвест Поинт на тема:

Примена на техничка анализа при тргување на валутен пазарФорекс

ПредавачГ-ѓа Снежана Поповска,CMT,CFTe

Датум на одржување: 24.09.2021

Време на почеток: 14.00 часот

Платформа:Microsoft Teams (link)

 

Присуството е бесплатнобројот на учесници не е ограничен.

2021 година-година на неизвесност и предизвик за девизниот пазар- магазин Економија и Бизнис

 

автор: Наташа Трајкова

2020 година беше година на изненадувања. Додека се движиме напред во 2021 година, светот се соочува истовремено со две невидени кризи. Прво, потребата да се обноват финансиите во јавниот сектор. И второ, потребата за справување со климатските промени, забрзување на преминот кон обновливи извори на енергија и транзиција на светската економија на поодржлив пат.

Спојувањето за зајакнување на позициите на домашниот пазар би имало смисла за многу банки со оглед на тоа што европските банкарски сектори се уште се расцепкани, со голем број мали банки кои немаат економија на обем за да можат ефикасно да конкурираат, а истовремено да ја задржат профитабилноста и да ги направат потребните инвестиции во технологијата.

Европската централна банка ја остави монетарната политика непроменета на 1-от состанок во 2021 година, откако ја прошири својата програма за пандемски итни набавки (ПЕПП) за уште 500 милијарди евра и ја продолжи  до крајот на март 2022 година. Сепак, инвеститорите гледаат дека централната банка ја повторува својата заложба за прилагодување на политиката како и кога е потребно, оставајќи ја вратата отворена за понатамошни стимуланси, во услови на зголемени инфекции и нови блокади. Со оглед на тоа што многу аналитичари предвидуваат поголема нестабилност во месеците што доаѓаат, трговците мора да се погрижат да бидат во тек со сите тековни работи, така што позитивни влијанија на стимулативниот пакет остануваат да се видат во текот на следниот период.

Додека ЕЦБ треба да биде во мирување во следните неколку месеци, таа најверојатно ќе се фокусира на својот неодамна најавен преглед на стратегијата за стимулирање на отвореноста, силата и издржливоста на економскиот и финансискиот систем на ЕУ за годините што доаѓаат. Оваа стратегија има за цел  да и овозможи на Европа да има водечка улога во глобалното економско управување и да овозможи добро функционирање на меѓународните финансиски пазари и мултилатералниот систем заснован на правила.

Continue reading “2021 година-година на неизвесност и предизвик за девизниот пазар- магазин Економија и Бизнис”

Психологија во тргувањето со девизи- магазин Економија и Бизнис

 

автор: Сашо Трајковски

Девизниот пазар претставува место каде што се сретнува понудата и побарувачката на пари деноминирани во една валута, кои се разменуваат за пари деноминирани во друга валута. Девизниот пазар не е институционализиран. Тој претставува мрежа на сите банки, дилети, трговци, market maker-и  во светот, кои прават овој пазар да работи речиси секој ден, деноноќно. Целта на секој учесник е иста. Остварување на профит.

Но, како да се биде успешен трговец со девизи (дилер)?

Дури и најдобрите спортисти промашуваат пенал во нивните најважни натпревари во кариерата. Тоа не е затоа што тие спортисти ги немаат потребните вредности и способности, туку затоа што нивната емотивната состојба во тој момент потклекна, затоа што доживуваат засилен стрес и страв од неуспех. Чувството на стрес и страв има големо влијание врз дилерите во носењето на одлуките во тргувањето со девизите. Способноста на управување со емоционалната состојба, сузбивајќи го стравот во себе, може во голема мерка да го подобри квалитетот на носењето на одлуки.

Психологијата на тргувањето со девизи е многу важна. Многу често психологијата, а  не недостатокот на едуцираност или вештини е причина за правење на грешки. Психологијата на тргување овозможува следење на зададените цели, без разлика на моменталните губитоци.

Continue reading “Психологија во тргувањето со девизи- магазин Економија и Бизнис”