Каде се наоѓаат новите можности за инвестирање- списание Економија и Бизнис

Неодамна присуствував на еден настан за кој се зборуваше за нови инвестициски можности и предизвици. Сите бевме согласни дека сега е времето на “Милениумците” и дека треба да се осврнеме кон развивање на новите финтек компании. Но, тоа што не го спомнавме, а сакам да го споделам со Вас бидејќи се подеднакво важни, се таканаречените “Зелени компании”. Зошто баш нив?
Број еден фактор што ги загрижува луѓето во светот е глобалното затоплување и климатските промени кои се предизвикани од емисиите на јаглерод диоксид и т.н. стакленички гасови во атмосферата. Зголеменото присуство на овие гасови резултира со глобално покачување на температурите кое би имало бројни негативни ефекти и непоправливи штети врз животната средина. Според Светската метеоролошка организација на Обединетите нации проекциите за порастот на глобалните температури се од 3 до 5 степени целзиусови што го надминува глобалниот таргет за ограничување на пораст на температурите до 2 степени целзиусови. Како последица на глобалното запотолување се: пораст на температурите, топење на мразот на поларните делови од планетата Земја, временски непогоди, поплави, зголемен број на суши и пожари, влијание врз здравјето на луѓето, изумирање на животински видови. Сега јавноста станува се повеќе свесна за овој проблем. Глобалното затоплување е се поважна тема и помеѓу владите во светот, а многу компании се обидуваат да станат еколошки посвени или “зелени” компании.
Continue reading “Каде се наоѓаат новите можности за инвестирање- списание Економија и Бизнис”
Crowdfunding презентација- Македонска Берза & АЦИ Македонија
Почитувани колеги и АЦИ пријатели,
На 12.09.2019 во организација на Македонска Берза и АЦИ Македонија во просториите на Македонска Берза на хартии од вредност со почеток во 15.00 часот ќе се одржи презентација на платформата Funderbeam чија намена е crowdfunding финансирање. Овој тип на финансирање (прибирање на капитал) на компаниите е еден вид на иновација, и е релативно нов во светот, но станува се поактуелен , поинтересен и добива на обем, пред се поради едноставноста,флексибилноста и можностите кои ги отвора.
Ќе ни биде чест да ни бидете гости на презентацијата, влезот е слободен.
Склучен Меморандум за Соработка со Македонска Берза АД Скопје
Склучен Меморандум за Соработка помеѓу Македонска Берза АД Скопје и АЦИ Македонија-Здружение на Финансиски пазари. Г-дин Иван Штериев и Г-дин Бојан Цветановски се обврзаа да ја унапредат соработката во размена на знаења од сферата на финансиските пазари и тргувањето со хартии од вредност, техничка и фундаметална анализа на трендовите, нови типови на инструменти и начини на финансирање на пазарите на капитал. Прв заеднички проект е семинар на тема crowdfunding како еден нов (интересен) вид на финансирање на стартапи,мали и средни претпријатија кој ќе се одржи во средината на Септември во организација на Македонска Берза АД Скопје.

