Конференциска програма и Листа на учесници

 

Листа на учесници на 24тото Годишно Собрание на АЦИ Македонија ЗФП

Конференциска програма ( преземи pdf документ )

Петок, 31ви Мај, 2019

20.00 Коктел вечера за добредојде (спонзорирано од Europoint)

Сабота, 01ви Јуни 2019

10.00 Почеток -24то Годишно Собрание на АЦИ Македонија-ЗФП

o Свечено отворање-Извештај од страна на Претседателот

o ACI-FMA – видео обраќање o НБРСМ-презентација

o Финансиски Пазари – преглед , М-р Борче Стаменковски, Раководител на Служба за средства и ликвидност, Капитал Банка

11.30 Кафе пауза

12.00 “Инвестициски можности во моментот-предизвик”

Модератор: Снежана Поповска, CFTe, TTK Банка

Панелисти:

o Драган Илкоски, Директор на Дирекција за услуги со хартии од вредност, Шпаркасе Банка АД Скопје

o М-р Горан Марковски, Главен Извршен Директор во КБ Публикум Инвест

o Коста Ивановски, CFA, Директор на Сектор за Инвестиции во Сава Пензиско Друштво

o Александар Манев, M.B.A. Економски аналитичар, ко-сопственик на www.faktor.mk

13.30 Презентација на Refinitiv

14.00 Затворање на Собранието(официјален дел)

15.00 Крстарење (спонзорирано од Asseco-see) и ручек во Св.Наум (спонзорирано од Refinitiv ).

21.30 Враќање во Хотелот со брод

Недела, 02ри Јуни, 2019

Слободно време/Напуштање на хотелот

24то Годишно Собрание на АЦИ Македонија- Save the Date!

 

Кога:       31ви мај до 2ри јуни, 2019

Каде:       Охрид, хотел Белведере

 

Распоред:

Петок ( 31ви мај)

20:30ч.      Коктел за добредојде

Сабота ( 1ви јуни)

10:00ч.      Собрание на Здружението

15:30ч.      Патување до Св. Наум со брод

16:30ч.      Посета на манастирот Св. Наум

17:30ч.       Ручек во ресторан Острово

19:00ч.       Посета на охридските природни извори

21:00ч.       Враќање со брод во хотелот

Недела (2ри јуни)

10:00ч.       Check- out

 

Регистрирајте се!

Registrations are closed for this event

Напомена: Котизација за настанот чини 1.500,00 мкд по учесник и е неповратна. Ноќевање по едно лице во еднокреветна соба- 2.2000,00 мкд на ден.  Ноќевање по лице во двокреветна соба- 1.590,00 мкд на ден. Здружението не обезбедува превоз до настанот.

За подетални информации ве молиме контактирајте ги:

Бојан Цветановски    тел: +389 78 300 784   мејл: b.cvetanovski@nlb.mk

Сашо Радевски         тел: +389 23 295 108   мејл: Saso.Radevski@stb.com.mk

Весна Трајковска       тел: +389 23 247 415  мејл: vesna.trajkovska@kb.com.mk

 

Се гледаме таму!

Пресврт во курсот на ФЕД, ЕЦБ трпеливи до 2020 година- списание Економија и Бизнис

 

На почетокот на 2019 година најавите за глобален економски пресврт се повторно актуелни, слично на состојбите од 2016 година. После одржувањето на последниот состанок минатата недела Фед објавија дека го менуваат досегашниот курс на американската монетарна политика. Федералните монетарни власти 

автор: Моника Ресановиќ

на САД ќе паузираат со серијата на нагорни корекции на референтната каматна стапка на УСД. Во 2019 година се очекуваа две нагорни промени. Во официјалното известување објавено после состанокот не се споменуваат никави индикации за понатамошно зголемување. Претседавачот Powell не ја ислкучи можноста и за идно корегирање на референтната каматна стапка во обратна насока.

Почнувајќи од декември 2016 година Фед спроведе серија од девет квартални зголемувања на референтната каматна стапка на УСД за по 25 базични поени. Причини за тоа беа јакнењето на пазарот на трудот, намалувањето на стапката на невработеност која во декември минатата година изнесуваше 3,6%, зголемувањето на индустриското производство и другите економски перформанси кои укажуваа на целосно закрепнување на економијата. Се настојуваше да се постигне неутрално ниво на каматна стапка која не би била ни премногу експанзивна ни премногу рестриктивна во рамките на постоечките економски услови. Според проценките на FOMC неутралната каматна стапка би била некаде околу 3%.

Continue reading “Пресврт во курсот на ФЕД, ЕЦБ трпеливи до 2020 година- списание Економија и Бизнис”

Карактеристиките на Девизниот Пазар со осврт на Република Македoнија- списание Економија и Бизнис

 

автор: Дејан Граорковски

Девизниот пазар претставува перманентно среќавање на понудата и побарувачката на слбодни девизни средства ,односно претставува место каде што парите деноминирани во една валута се разменуваат (купуваат продаваат) со пари деноминирани во друга валута.. Тој е многу важен сегмент од вкупното пазарно функционирање на економијата во одредена држава. Исто така, мора да се напомене и неговата функција во обезбедување на најдобра алокација на девизите, место кое на најдобар начин го определува девизниот курс и обезбедува ефикасни трансакциони врски на домашното со странското стопанство. Како учесници на овој пазар се јавуваат: Банките, економските субјекти (корпорации и фирми), други финански институции, населнието и централните банки .

Девизниот курс ја претставува цената на една странска валута изразена во домашна валута. Основната задача на девизниот курс е да овозможи споредување на цените во земјата и во странство, што сигнализира за економските на една земја со странство. Токму поради оваа причина, девизниот курс има големо влијание на меѓународната трговија, а посредно на целокупните економски текови. Основната поделба на девизните курсеви е на: фиксни и варијабилни (pegged и unpegged). Првиот сегмент на девизни курсеви подразбира врзуваење на девизниот куррс на домашната валута во однос на една или неколку странски валути. Кога е во прашање фиксниот девизен курс, централната банка се стреми кон тоа да ја одржува стабилноста на цените преку целосна контрола на движењето на вредноста на домашната валута во однос на една или повеќе странски валути. За споредба, кај варијабилниот девизен курс, вредноста на одредената валута се определува само преку влијанието на понудата и побарувачката. Република Македонија е една од оние земји (економии) кои не можат слободно да се потпрат на понудата и побарувачкакта на девизи на девизниот пазар  и затоа централната банка согласно монетарната политика, интервенира за да се создаде потребната ценовна стабилност. Факторите кои придонесуваат за тоа  се: мала и отворена еконоија, увозна зависност од енергенси(притисок врз домашни цени) и увозна зависност на извозот.

Continue reading “Карактеристиките на Девизниот Пазар со осврт на Република Македoнија- списание Економија и Бизнис”