Девизниот пазар во РМ останува со голем промет, невработеноста во САД намалена, нов проблем во ЕУ- Италија е презадолжена- списание Економија и Бизнис

Автор: Борче Стаменковски

Прометот на девизниот пазар останува на високо ниво. Во вкупниот промет, еврото учествува со околу 81%, американскиот долар со околу 13% а останатите валути вкупно опфаќаат околу 6% од вкупниот девизен пазар.

Во просек во Октомври истргувани 35,9 милиони евра дневно на девизниот пазар. Понудата од овластените менувачници и реалниот сектор е на високо ниво, побарувачката намалена, големите компании ги редуцираат купувањата од сезонски причини. Кај деловните банки, НЛБ Банка, Комерцијална Банка, Шпаркасе Банка, Охридска Банка на страната на понудата на еур/мкд, Про-Кредит Банка и Халк Банка купувачи но со намалени износи. Курсот на тргување помеѓу банките во тесен опсег 61,47-61,48. Се приметува на крај на месец зголемена активност од страна на банките, со цел “пеглање”  на отворената девизна позиција (ОДП) која од друга страна има влијание на стапката на адекватност на капиталот.

Continue reading “Девизниот пазар во РМ останува со голем промет, невработеноста во САД намалена, нов проблем во ЕУ- Италија е презадолжена- списание Економија и Бизнис”

Девизен пазар и краток осврт на најчесто тргуваните валути во РМ- списание Економија и Бизнис

Автор: Весна Трајковска

Пазарот на девизи во РМ е значаен сегмент за целокупниот финансиски пазар и економијата на земјата кој постепено се развива, се карактеризира со стабилен курс на денарот и промет кој расте благодарение на подобрената бизнис клима, новите капацитети ореинтирани кон извоз, странските инвестиции во земјата. НБРМ е поддржувач на деловните банки секојдневно објавува податоци за вкупниот промет на девизниот пазар на банките во РМ. На пример прометот во првата половина од септември 2018 (353 милиони евра) е приближен на вкупниот промет од претходните два месеца заедно (380 милиони евра) што произлегува од зголемената надворешнотрговска размена која повлекува поголем тековен трансфер на девизи, зголемен промет на менувачкиот пазар  и на деловните банки со НБРМ.

Continue reading “Девизен пазар и краток осврт на најчесто тргуваните валути во РМ- списание Економија и Бизнис”

Кафе со АЦИ пријатели

АЦИ Македонија –Здружение на Финансиски Пазари има чест да ве покани на дружба со кафе (под покровителство на Здружението) во кафулето Винил на Булевар Партизански Одреди бр.14 спроти Соборната Црква во Среда 24.10.2018 со почеток од 17.00 часот.

Повелете да се видиме и да размениме искуства , мислења на актуелни стручни теми.

Перпетуална обврзница на домашниот пазар на капитал

автор: Елена Кузмановска

На 20ти септември 2018 година, Комисијата за хартии од вредност во Македонската банкарска асоцијација го презентираше новиот инструмент на пазарот на капитал – перпетуална обврзница. Комисијата ги призна перпетуалните обврзници како хартии од вредност во текот на јуни 2018 година. Перпетуалните обрзници немаат рок на достасување и затоа се перпетуални т.е. “вечни”. Овие финансиски инструменти можат да се вклучат во додатен основен капитал согласно Одлуката за методологијата за утврдување на адекватноста на капиталот од НБРМ (Сл.Весник бр.218/2016), со што стануваат атрактивни за банките.

Во финансискиот свет, кога станува збор за перпетуална обврзница, најчесто се зборува за финансиски инструмент кој е помеѓу обврзница и акција. Од една страна нема датум на достасување (перпетуална) т.е. нема износ кој доспева и треба да биде исплатен на фиксен датум во иднина, по што наликува на акција, но исто така имателот својот принос го добива во форма на купони, редовни годишни исплати во фиксен износ и немаат право на глас, карактеристики по кои пак наликуваат на обврзниците. Continue reading “Перпетуална обврзница на домашниот пазар на капитал”