АЦИ Македонија- нов визуелен идентитет

АЦИ Македонија воведе редизајнирана веб-страница.

Овде можете да ги најдете сите тековни информации поврзани со банкарскиот сектор, како и прашања поврзани со образованието и обуката. На нашата веб-страница ќе најдете многу корисни информации кои можат јавно да се разменуваат со членовите на страницата.

Уживаjте и бидете информирани.

ACI ELAC Boot Camp – Europe edition

автор: Ненад Јовчески

Во организација на ACIFMA на 20-ти и 21-ви септември 2018 год. беше организирана работилница на која учесниците имаа можност да научат да го користат ACI ELAC порталот и да го промовираат на локалните пазари. Учесници беа претставниците за едукација на 10 национални здруженија, меѓу кои беше и претставникот на ACI Belgium, Marc De Bosscher кој истовремено е Претседател на ACI Europe. Работилницата беше одржана во просториите на BPW (bestpractice.world), фирма партнер на ACIFMA која го изработува ACI ELAC порталот.

Што е ELAC (Е-Learning, Attestation and Certification Portal) ? Continue reading “ACI ELAC Boot Camp – Europe edition”

Интервју на претседателот на АЦИ Македонија во Бизнис и Економија

ГОДИНАВА ДНЕВНИОТ ПРОМЕТ НА ДЕВИЗНИОТ ПАЗАР ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СЕ ДВИЖИ ПОМЕЃУ 30 И 45 МИЛИОНИ ЕВРА

Бојан Цветановски
Претседател на Извршниот одбор на АЦИ Македонија – Здружение на финансиски пазари

Вие сте претседател на АЦИ Македонија – Здружение на финансиски пазари. За почеток, кажете ни за какво здружение станува збор, досегашната историја, кои се неговите членки, меѓународниот статус…

Б. Цветановски: АЦИ Македонија – Здружение на финансиски пазари е формирано на 23 април 1996 година под името Македонски форекс клуб по иницијатива на Народна банка на Република Македонија. Во 2001 година Здружението стана дел од меѓународното здружение ACI-Financial Market Association со седиште во Париз, со 63 земји членки, соодветно го адаптиравме името во АЦИ Македонија – Здружение на финансиски пазари, што е меѓународен стандард. Во Здружението членки се сите деловни банки од Република Македонија и Народна банка на Република Македонија. Здружението е непрофитна организација, работи според Статут и соодветни деловници. Органи на Здружението се Извршен одбор, Надзорен одбор и Собрание. Еднаш во годината Здружението организира свечено годишно собрание каде што учествуваат сите домашни банки, домашни и странски експерти, гости од странски банки, претставници на финансиски софтвер.

Која е целта на Здружението и кои се неговите редовни активности?

Continue reading “Интервју на претседателот на АЦИ Македонија во Бизнис и Економија”

Средба со Гувернерката на Народна Банка на Република Македонија г-ѓа Анита Ангеловска-Бежоска

На 8-ми август 2018 година Претседателот на АЦИ Македонија, Бојан Цветановски оствари средба со Гувернерката на НБРМ, г-ѓа Анита Ангеловска-Бежоска. На средбата беа разгледани актуелни прашања од домашниот финансиски пазар- делот на финансиските деривативи, референтни стапки и примарниот и секундарниот пазар на хартии од вредност. Претседателот Цветановски ги изложи моменталните активности на друштвото и идните планови при што беше констатирано дека соработката и поддршката од НБРМ во активностите на Здружението продолжува. На состанокот беа присутни и г-ѓа Весна Трајковска,Комерцијална Банка, г-ѓа Мелита Трајковиќ,НБРМ, г-ѓа Зорица Стојанова,НБРМ и г-ѓа Маја Андреевска,НБРМ.