На девизниот пазар и понатаму останува политиката на стабилен девизен курс, во опсег на движење на ЕУР/МКД меѓу 61,47 и 61,72, курсеви според кои банките можат да купуваат и да продаваат евра со Народна банка на Република Македонија. Во овие рамки банките тргуваат меѓу себе врз пазарни професионално дефинирани принципи. Соодветно средниот курс на еврото се формира според котациите на банките поддржувачи кои тие ги истакнуваат секој работен ден на електронската платформа за меѓубанкарско тргување. Сите останати валути од курсната листа на НБРМ флуктуираат слободно во однос на македонскиот денар и нивната вредност зависи од движењата на меѓународниот девизен пазар. Учесници се компаниите од реалниот сектор, инвестициските фондови, овластени менувачници, банки од странство, приватни лица, сите овие субјекти тргуваат со домашните деловни банки со што финално ја креираат понудата и побарувачката на девизи и влијаат врз девизните позиции на банките. Домашните деловни банки пак тргуваат меѓу себе преку унифицирана електронска платформа така што на ефикасен и пазарен начин го усогласуваат недостигот и вишокот од девизи меѓу себе.
Continue reading “Девизен пазар-актуелни домашни и меѓународни движења- списание Економија и Бизнис”