Каде се наоѓаат новите можности за инвестирање- списание Економија и Бизнис

 

автор: Снежана Поповска

Неодамна присуствував на еден настан за кој се зборуваше за нови инвестициски можности и предизвици. Сите бевме согласни дека сега е времето на “Милениумците” и дека треба да се осврнеме кон развивање на новите финтек компании. Но, тоа што не го спомнавме, а сакам да го споделам со Вас бидејќи се подеднакво важни, се таканаречените “Зелени компании”. Зошто баш нив?

Број еден фактор што ги загрижува луѓето во светот е глобалното затоплување и климатските промени кои се  предизвикани од емисиите на јаглерод диоксид и т.н. стакленички гасови во атмосферата. Зголеменото присуство на овие гасови резултира со глобално покачување на температурите кое би имало бројни негативни ефекти и непоправливи штети врз животната средина. Според Светската метеоролошка организација на Обединетите нации проекциите за порастот на глобалните температури се од 3 до 5 степени целзиусови што го надминува глобалниот таргет за ограничување на пораст на температурите до 2 степени целзиусови. Како последица на глобалното запотолување се: пораст на температурите, топење на мразот на поларните делови од планетата Земја, временски непогоди, поплави, зголемен број на суши и пожари, влијание врз здравјето на луѓето, изумирање на животински видови. Сега јавноста станува се повеќе свесна за овој проблем. Глобалното затоплување е се поважна тема и помеѓу владите во светот, а многу компании се обидуваат да станат еколошки посвени или “зелени” компании.

Continue reading “Каде се наоѓаат новите можности за инвестирање- списание Економија и Бизнис”

Crowdfunding презентација- Македонска Берза & АЦИ Македонија

 

Почитувани колеги и АЦИ пријатели,

На 12.09.2019 во организација на Македонска Берза и АЦИ Македонија во просториите на Македонска Берза на хартии од вредност со почеток во 15.00 часот ќе се одржи презентација на платформата Funderbeam чија  намена е crowdfunding финансирање. Овој тип на финансирање (прибирање на капитал) на компаниите е еден вид на иновација, и е релативно нов во светот, но станува се поактуелен , поинтересен и добива на обем, пред се поради едноставноста,флексибилноста и можностите кои ги отвора.

 Ќе ни биде чест да ни бидете гости на презентацијата, влезот е слободен.

 

Агендата на настанот

Склучен Меморандум за Соработка со Македонска Берза АД Скопје

 

Склучен Меморандум за Соработка помеѓу Македонска Берза АД Скопје и АЦИ Македонија-Здружение на Финансиски пазари. Г-дин Иван Штериев и Г-дин Бојан Цветановски се обврзаа да ја унапредат соработката во размена на знаења од сферата на финансиските пазари и тргувањето со хартии од вредност, техничка и фундаметална анализа на трендовите, нови типови на инструменти и начини на финансирање на пазарите на капитал. Прв заеднички проект е семинар на тема crowdfunding како еден нов (интересен) вид на финансирање на стартапи,мали и средни претпријатија кој ќе се одржи во средината на Септември во организација на Македонска Берза АД Скопје.

Кафе со АЦИ пријатели – July edition

 

Почитувани Колеги, АЦИ Пријатели,

АЦИ Македонија –Здружение на Финансиски Пазари има чест да ве покани на дружба со кафе (под покровителство на Здружението) во кафулето “Винил” на Булевар Партизански Одреди бр.14 спроти Соборната Црква, во Вторник, 30.07.2019 со почеток од 17.00 часот.

Повелете да се видиме и да размениме искуства , мислења на актуелни стручни теми.

Ќе ни биде мило да дојдете.