24то Годишно Собрание на АЦИ Македонија- Save the Date!

 

Кога:       31ви мај до 2ри јуни, 2019

Каде:       Охрид, хотел Белведере

 

Распоред:

Петок ( 31ви мај)

20:30ч.      Коктел за добредојде

Сабота ( 1ви јуни)

10:00ч.      Собрание на Здружението

15:30ч.      Патување до Св. Наум со брод

16:30ч.      Посета на манастирот Св. Наум

17:30ч.       Ручек во ресторан Острово

19:00ч.       Посета на охридските природни извори

21:00ч.       Враќање со брод во хотелот

Недела (2ри јуни)

10:00ч.       Check- out

 

Регистрирајте се!

Registrations are closed for this event

Напомена: Котизација за настанот чини 1.500,00 мкд по учесник и е неповратна. Ноќевање по едно лице во еднокреветна соба- 2.2000,00 мкд на ден.  Ноќевање по лице во двокреветна соба- 1.590,00 мкд на ден. Здружението не обезбедува превоз до настанот.

За подетални информации ве молиме контактирајте ги:

Бојан Цветановски     тел: +389 78 300 784    мејл: b.cvetanovski@nlb.mk

Сашо Радевски            тел: +389 23 295 108   мејл: Saso.Radevski@stb.com.mk

 

Се гледаме таму!

Bloomberg Macedonia Fixed Income Day

Под покровителство на Bloomberg/London и во организација на Bloomberg/London и АЦИ Македонија на 20.02.2019 (Среда) во Хотел Мериот ќе се се одржи Панел презентација&дискусија од сферата на финансиските пазари со следна агенда:       

15.00h

Registration, welcome and networking
Tea, coffee and biscuits

15.30h

IRS
Tim Murphy, Application Specialist, Bloomberg

16.00h

AUCT and EBND Explained

16.30h

Group discussion and Audience Q&A

17.00h – 19.00h

Drinks, light buffet dinner and networking

Презентациите ќе покриваат теми од сферата на тргување со хартии од вредност на примарен и секундарен пазар и каматни свопови. Техники на тргување со обврзници , формирање на цена на каматни свопови,формирање на крива на принос,анализа на трендови,вреднување како и пост-тргување активности и архивирање.

Учеството е бесплатно и е отворено за сите банки и финансиски институции во државата.

Пријавете го своето учество на следниот линк:

https://go.bloomberg.com/attend/invite/bloomberg-macedonia-fixed-income-day

 

Перспектива на парите и системите на плаќање- списание Економија и бизнис

автор: Стојан Донески

Низ историјата парите како средство за плаќање се менувале согласно потребите на тогашното население и околностите кои владееле, од монети, хартиени пари, меници, чекови итн.  Со индустријализацијата и забрзаниот раст, се јави потреба од развивање на системи за плаќање кои би можеле да се носат со зголемената потреба од трансфер на пари. Во последните 50 години системите за плаќање потпомогнати од ИТ индустријата се развиваат со забрзано темпо.

Како што се развиваат системите за плаќање на пари, така и парите еволуираат односно се појавуваат првите електронски пари (електронски трансфер на пари), потоа се појавуваат и платежните картички кои денес се користат во најголема мера, се до картичките на супермаркети со кои се собираат поени, за потоа истите да се користат за купување на производи од истиот маркет, кои исто така се една форма на електронски пари. После развојот на ИТ индустријата и интернетот како форма за комуникација, електронското и интернет плаќањето зема замав во последниве дваесет години. Хартиените пари се поретко можеме да ги сретнеме во развиените држави, дигиталната форма на парите не е непознаница и нема да се зачудиме доколку на некој излог видиме натпис “не примаме кеш, само картички”. Continue reading “Перспектива на парите и системите на плаќање- списание Економија и бизнис”

Кафе со АЦИ пријатели- december edition

Почитувани Колеги, АЦИ Пријатели,

 АЦИ Македонија –Здружение на Финансиски Пазари има чест да ве покани на дружба со кафе(под покровителство на Здружението) во кафулето Винил на Булевар Партизански Одреди бр.14 спроти Соборната Црква во Четврток 06.12.2018 со почеток од 17.00 часот.

 Повелете да се видиме и да размениме искуства , мислења на актуелни стручни теми.

Ќе ни биде мило да дојдете.