Финансиските пазари во време на пандемија- списание Економија и Бизнис

 

автор: Стојан Донески

Појавата на вирусот кој со голема брзина се прошири низ цел свет преку ноќ ги донесе светските економии во рецесија. По дефиниција, според традиционалните мерења ниедна економија сеуште нема регистрирано пад на БДП, но реалноста е дека скоро сите развиени економии веќе се во длабока рецесија. Падот на економската активност во светот е се споредува со оној на големата депресија од 30-тите години на минатиот век. По почетниот шок од вирусот и вртоглавото зголемување на бројот на заболени, повеќето земји во последниов период бележат намалување на бројот на новозаболени а со тоа светот полека ќе почнува да се враќа во нормала, броејќи ги загубите.

Ширењето на вирусот, стравот, мерките за социјално дистанцирање, ограничување на движењето, затворање на граници и слично, најпрво се пресликаа во падот на берзанските индекси во светот а потоа низ глобалната економиска активност. Од почетокот на кризата загубите на светските берзански индекси отидоа во негатива за 25 до 30 проценти.

Проблемите со производството од почетокот на кризата се прелеаа во рекордно намалување на побарувачката, освен таа за есенцијални и фармацевтски производи и услуги. Continue reading “Финансиските пазари во време на пандемија- списание Економија и Бизнис”

Термински девизни трансакции и нивна примена- списание Економија и Бизнис

 

Владимир Трајковиќ

Бизнисите кои во своето тековно работење имаат увозно-извозни релации со странски компании постојано се изложени на валутен ризик – – ризикот од промена на девизниот курс пред се заради исклучителната волатилност на девизниот пазар.

Обемот на девизниот пазар е на историско највисоко ниво и е неспоредив со обемот на останатите пазарни инструменти (државни хартии од вредност, корпоративни обврзници, акции итн.). Високиот обем на тргување резултира и со висока волатилност на девизниот пазар во услови на пазарна неизвесност.

Промената на цените на девизниот пазар може да имаат значајно влијание врз паричните текови на компаниите чии бизниси се увозно-извозно зависни. Во услови кога бизнисите имаат обврски или побарувања во странска валута кои допрва треба да доспеат или планирани инвестиции за кои дорпва треба да  се издвојат средства, од исклучително значење за компаниите е митигирање на валутниот ризик и заштита од загуби на име на курсни разлики. Како исклучително флексибилен инструмент за справување со валутниот ризик се користи FX Forward, односно терминска девизна трансакција. Continue reading “Термински девизни трансакции и нивна примена- списание Економија и Бизнис”

Времетраење на порамнувањето на трансакциите- списание Економија и Бизнис

 

Сашо Трајковски

Порамнувањето на сите трансакции и минималната изложеност со која се соочуваат банките во нивните индивидуални трансакции (без разлика дали се работи за спот или форвард трансакции),трае од еден до два работни дена, за речиси сите банки кои беа истражувани во сите земји на групата Г-10. Ова времетраење се однесува кога се тргува со сите валути, освен со јапонските јени. Времетраењето на порамнувањето во тргувањето на јапонските јени трае и до три работни дена, почнувајќи од денот кога членовите на ФЕЅЦС можат да испратат неотповикливи инструкции за плаќање во јени во јапонскиот платен систем.

Како надополнување на сето тоа, времетраењето на порамнувањето на финансиските трансакции се продолжува за дополнителни еден до два работни дена (времетраење на статус „У“). Како резултат на претходно искажаното, потребни се повеќе од три работни дена (доколку меѓу тие три работни дена се појават и празници и викенд, деновите се многу повеќе) од почетокот на појава на ризик со кои се соочуваат банките во своето работење, содржувајќи го во себе и времето кое е потребно за комплетна обработка на трансакциите. Continue reading “Времетраење на порамнувањето на трансакциите- списание Економија и Бизнис”

Белградските компании Tenfore и Europoint Systems со донација за борба против коронавирусот во Македонија

 

Двете сестрински компании Tenfore и Europoint Systems од Белград, како долгогодишни деловни партнери на Народната банка и деловните банки во Северна Македонија, како друштвено одговорни компании, без чекање и меѓу првите притекнаа во помош во борбата против корона вирусот COVID-19 во Северна Македонија и донираа значајни финансиски средства во износ од 16.000 евра на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби Скопје и на Институтот за јавно здравје Скопје.

Со наведените средства, на Инфективната клиника поправен е дефектен респиратор и набавени се машина за перење алишта, машина за сушење алишта и мобилни телефони, сè заедно во вкупен износ од 6.000 евра, додека на Институтот за јавно здравје донирани се 10.000 евра за набавка на реагенси и тестови неопходни за тестирање на COVID-19.

„Сакаме да изразиме благодарност до двете српски компании Tenfore i Europoint за направената донација, кои уште во март беа само втор донатор на нашиот Институт, што ни овозможи благовремено да набавиме дополнителна количина на материјали неопходни за тестирање на COVID-19. Со тоа компаниите искажаа солидарност и хуманост на најдобар можен начин и допринесоа во зачувување на здравјето на што поголем број наши граѓани.” – истакна Доц. Д-р Шабан Мемети, директор на Институтот за јавно здравје Скопје.