Согласно член број 18 од Статутот на Здружението свикувам редовно 25-то
Годишно Собрание на АЦИ Македонија –Здружение на финансиски пазари
на 27.11.2020 година од 11.00 часот до 13.00 часот
Со следна содржина:
· Вовед во Собранието,
· Поздравен Говор-Г-ѓа Анита Ангеловска-Бежоска-Гувернер на Народната Банка на Република Северна Македонија,
· Поздравен Говор-Г-ѓа Маја Стевкова-Штериева-Претседател на Македонската Банкарска Асоцијација,
· Извештај за работата и идни планови на Здружението-Г-дин Бојан Цветановски-Претседател на Здружението АЦИ Македонија – Здружение на финансиски пазари,
· ИСДА мастер договор имплементација и тековен развој-Г-дин Ѕвонко Станковски-Директор на Сектор за ликвидност и тргување во Уни-Банка,Скопје-Координатор на ИСДА проектот во АЦИ Македонија,
· СКИБОР ретроспектива и движења-Г-дин Сашо Радевски-Заменик Директор во Сектор за средства и ликвидност во Стопанска Банка,Скопје-член на СКИБОР одборот за избор и следење на референтни банки од АЦИ Македонија,
· Измена на Статутот на Здружението-дискусија и гласање,
· Избор на член на Надзорен Одбор на Здружението-гласање
· Усвојување на Завршната сметка за 2019 година на Здружението.
Собранието ќе се одвива по пат на Webex платформата, секој учесник на е-маил ќе добие линк за поврзување.
Молиме пријавите за учество да ги испраќате по е-маил на Секретарот на Здружението г-дин Јане Настоски(j.nastoski@nlb.mk) најдоцна до 20.11.2020 година.